Skip to content

ЦРЈИПР ЈА ОДРЖА ПРВАТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ЗА 2023 ГОДИНА

ДАТУМ

ноември 11, 2022

Категории

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ја одржа првата форумска сесија на 09.11.2022 година и го најави започнувањето на процесот на Регионални форуми во заедницата за подготовка на проекти по Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година на Бирото за  регионален развој.

На форумот беа присутни граѓани од различни категории од сите 10 општини на Југоисточниот плански регион кои имаа можност да идентификуваат и дефинираат приоритетни регионални проблеми за секоја од претходно утврдените приоритетни области.

Со цел подобрување на животот во регионот присутните на форумот активно учествуваа во утврдувањето на проблемите кои го засегаат Југоисточниот регион, дискутираа и генерираа решенија како да се надминат истите. Како најприоритетни области во кои треба да се интервенира од страна на учесниците на овој форумски процес беа избрани областите за Заштита на животната средина и Економија и инвестции, пазар на труд и туризам.

Во периодот кој што следува врз основа на идентификуваните проблеми и предизвици од првата форумска сесија ќе се развијат концептни решенијаодносно предлог концепти кои понатаму ќе се презентираат пред Советот за развој на Југоисточниот плански регион како и пред присутните учесници на втората форумска сесија.

Форумските сесии се финансиски поддржани од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка преку проектот “Одржлив и инклузивен рамнoмерен региoнален развoј – 2 фаза“.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy