Skip to content

ИЗГЛАСАНИ ПРИОРИТЕТНИТЕ ПРОЕКТИ ЗА 2023

ДАТУМ

декември 20, 2022

Категории

На 20.12.2022 година се одржа втората форумска сесија од регионалниот форум во заедницата на која учесниците гласаа за рангирање на предлог концептите кои произлегоа од првата форумска сесија.

Предлог-концептите презентирани од надворешниот експерт Тихомир Петрески, беа рангирани со следниот редослед:
1. Југоисточниот регион – можност за нови туристички авантури!
2. Подобрување на енергетската ефикасност во Југоисточниот регион!
3. Преземи чекор – заштити ја животната средина!
4. Дојран – медитеранскиот бисер на Југоистокот!
5. Техничка документација за нови регионални проекти!
Оваа ранг листа со предлог-концепти се доставува до Советот за развој на Југоисточниот плански регион и истата ќе ја имаат во предвид при носење на финалната одлука.
Регионалните форуми во заедницата се финансиски поддржани од МЛС и Швајцарската агенција за развој и соработка, а подготвените предлог- проекти од годишната листа на приоритетни проекти донесена од Советот за развој на ЈИПР, ќе се поднесат за финансирање преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy