На 22 март 2023 година, Факултетот за туризам и бизнис логистика претставуван од деканот проф.д-р Татјана Бошков и Центарот за развој на Југосточниот плански регион претставуван од директорот г-дин Ѓоко Камчев, потпишаа Меморандум за соработка.
Водени од заедничкиот интерес со овој Меморандум, двете институции воспоставуваат соработка базирана на искористување на научно-стручните и професионалните капацитети на двете страни насочени кон унапредување на едукативни, истражувачки и проектни активности, како и зголемувањето на едукативните можности на студентите и вработените во ЦРЈИПР.
ФТБЛ и ЦРЈИПР заеднички ќе работат на вмрежување и работа во национални и меѓународни мрежи, на спроведување заеднички иницијативи за вршење научни анализи и истражувања за користа од успешно имплементирање на европските политики и регулативи, како и на други активности чија крајна цел е поттикнување на економскиот раст и развој.
No comment yet, add your voice below!