На 16.05.2023 година (вторник), во општина Дојран со почеток во 13:30 часот, се одржа XVII (седумнасеттата) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.
На оваа седница беа донесени две одлуки за изработка, аплицирање и имплементација на проекти преку повик за поднесување на предлог проекти од страна на УНДП и Бугарската амбасада.
Исто така беа отворени и две дискусии од кои едната се однесуваше на информации за за третирање против комарци на териториите на општините во Југоисточниот плански регион по земјен, а другата за за одржливоста и функционирањето на агрометролошките станици кои беа поставени во рамките на проектот „Агрометролошки станици за заштита на земјоделските култури и животна средина“.
No comment yet, add your voice below!