Третиот состанок по проектот „Деловен еко–систем како интегриран систем – Be In“ се одржа на 27 Јуни 2023 година во Солун, Грција и истиот беше организиран од страна на вториот проектен партнер – Истражувачкиот институт на Универзитетот Македонија, Грција.
На состанокот беа разработени клучните аспекти неопходни за непречено спроведување на проектот и постигнување на целите. Состанокот започна со сеопфатна дискусија за досегашниот напредок на проектот, фокусирајќи се на досегашните направени трошоци и нивна валидација за секој од партнерите.
Во продолжение на состанокот присутните претставници разговараа за излезните резултати од секоја планирана и спроведена активност нагласувајќи ја нивната важност во воспоставувањето на претприемачкиот еко-систем во прекуграничниот регион.
На крајот се утврдија следните чекори кои треба да се преземат преку изработка на календар на одржување на настаните до крајот на проектот со цел да се постави јасна траекторија на движење и да се обезбеди добро координирано и ефикасно извршување на проектот.
Проектот е кофинансиран од Европска Унија и националните фондови на земјите учеснички преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Р. С. Македонија и со продолжувањето на рокот на имплементација на проектот истиот ќе се имплементира до 30ти Ноември 2023 година.
No comment yet, add your voice below!