Во периодот од 05.12.2023 до 06.12.2023, успешно се одржа Заеднички Тренинг за рано откривање и справување со пожари во Солун во рамки на проектот “Рано Откривање на пожарите и нивно движење за первенција и справување со катастрофи (eFIDAR)”, финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Р.С. Македонија.
Тренингот имаше за цел да ги обучи пожарникарите од нашите подрачни единици, претставници од Центар за управување со кризи и Дирекција за заштита и спасување, како и други оперативни тимови за користење на новите технологии во раното откривање и справување со пожари со помош на управување со дронови. Во текот на тренингот, учесниците добија можност да ги истренираат своите вештини и да се запознаат со последните технолошки достигнувања во областа на превенција и справување со катастрофи. Дроновите беа искористени и практично за детекција на пожари и креирање на управувачки мисии, што ја зголеми ефикасноста на оперативните тимови.
Теми обработени на тренингот вклучуваа:
- Користење на дронови за рано откривање на пожари
- Креирање на управувачки мисии со дронови
- Процедури за ефикасно управување на пожари и катастрофи
- Воспоставување на прекугранични партнерства и соработка
Учесниците добијаа значителни знаења и вештини што ќе ги подобрат нивните капацитети за предвидување, справување и минимизирање на последиците од пожарите. Овој тренинг не е само еднократна активност, туку дел од долгорочна стратегија за изградба на капацитетите и подобрување на соработката помеѓу земјите во регионот со цел поддршка на унапредувањето на заштитата и спасувањето во прекуграничната област.
Оваа активност е поддржана од страна на Европската Унија и земјите учеснички.
No comment yet, add your voice below!