Skip to content

ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА ЧЕТВРТО ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО ВО ОПШТИНА РАДОВИШ

ДАТУМ

декември 9, 2023

Категории

Во контекст на подобрувањето на противпожарните капацитети во Југоисточниот плански регион,  беше  предадено и четвртото противпожарно возило на о.Радовиш, кое е специјално модифицирано и опремено за ефикасно справување со шумски пожари во рамки на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи“, финансиран од ЕУ преку програмата за прекугранична соработка со Грција.

Благодарение на Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.С.Македонија и Грција обезбеди дополнителни средства за регионот, што резултираше со набавка на ново противпожарно возило за Противпожарната единица во Општина Радовиш.

Новото возило е концептирано како пикап возило за пристап на одредени локации со пожари до кои не може да се стасува со поголеми возила, истиот модел што веќе го користат единицата на о.Валандово. Овие возила се специјално дизајнирани за брзи и ефикасни интервенции на терен, со посебен фокус на шумските пожари кои во последно време предизвикаа големи економски загуби во регионот.

Примопредавањето на новото возило е дел од стратегиската иницијатива за подобрување на капацитетите на територијалните противпожарни единици. Ова значително воспоставување на ресурсите ќе им овозможи на противпожарните единици во Гевгелија, Струмица, Валандово, а сега и во Радовиш целосна опременост и подготвеност за предизвиците при справување со пожари.

Со воведувањето на новите возила, граѓаните на Радовиш и околните општини можат се чувствуваат посигурни и заштитени, а регионот станува подготвен за брзо и ефикасно реагирање во случај на пожари.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy