На 01.07.2024 година претседателот на Советот за развој на ЈИПР свика итна седница на која десетте општини од Југоисточниот плански регион се координираа во врска со преземање на мерки за заштита и справување со пожарите во Југоисточниот плански регион. На оваа седница беше донесен заклучок со кој градоначалниците бараа закажување на состанок во најкраток можен рок со Министерот за животна средина, како и други релевантни државни институции со цел решавање на проблемот со депонијата во с.Добрашинци.
Исто така на седницата беше донесена и одлука за согласност за аплицирање и имплементација на проект преку повик за поднесување на предлог проекти за Подготовка на техничка документација за инфраструктурни проектипреку Фондот за техничка документација.
No comment yet, add your voice below!