Skip to content

Трипартитна соработка за знаење во зелена и дигитална транзиција – SEBCoVE

ДАТУМ

август 28, 2024

Категории

На ден 27.08.2024 година, во хотел „Ла Тераца“ во Дојран, се одржа значајниот настан „Трипартитна соработка за знаење во зелена и дигитална транзиција“, организиран во рамки на проектот SEBCoVE – Smart Electricity for Buildings, финансиран од Европската комисија. Настанот беше организиран од страна на партнерите на проектот: Центар за развој на Југоисточниот плански регион, Сојуз на стопански комори на Македонија и Емкице КИЦ.
На настанот присуствуваа високи претставници од јавниот и приватниот сектор, вклучувајќи го министерот за дигитална трансформација, министерот за локална самоуправа и министерот за јавна администрација на Република Македонија и градоначалници од регионот. Исто така присутни беа и претставници на амбасади во Р.Македонија, како и претставничка од Европската Комисија и Евроамбасадта. Свои обраќања имаа и експерти од Tesla Science Center во Њујорк, како и престижни професори и истражувачи од различни универзитети и институти од Европа и САД.
Во рамки на три панел-дискусии, учесниците имаа можност да разменат мислења и искуства за идните активности на SEBCoVE проектот, дигитализацијата, иновациите во паметните градови и села, како и трендовите во политиките за зелена и дигитална трансформација за локален и регионален економски развој.
SEBCoVE проектот, кој ќе се имплементира во следните три години во седум европски земји, вклучуваjќи ги Македонија, Грција, Португалија, Шпанија, Италија, Холандија и Германија, со вкупен буџет од 3 милиони евра. Целта на овој проект е да ги поддржи дигиталната трансформација и енергетската ефикасност во јавните објекти, преку соработка на некои од најдобрите експерти и организации во Европа. 💡
Настанот продолжува и утре, каде што присутните ќе го продолжат своето патување низ убавините на Југоисточниот регион со неформална размена на идеи и градење на нови партнерства.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy