Skip to content

Одржана XXIX Седница на Советот за развој на ЈИПР

ДАТУМ

ноември 4, 2024

Категории

На 31.10.2024 година се одржа XXIX Седница на Советот за развој на ЈИПР во просториите на Центарот за развој на ЈИПР.

На оваа седница беа донесени Одлуки за согласност за аплицирање и имплементација на вкупно четири предлог проекти  преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Република Северна Македонија 2021-2027.

Исто така беа донесени и Одлуки за примопредавање на три објекти кои беа имплементирани од страна на ЦРЈИПР, а финансирани од Програмата на Биротот за регионален развој за 2023 со индикативно предвидени средтва за 2024 година. Со овие проекти беше реконструирано подрачно основно училиште „Кирил и Методиј“ во с.Секирник – Босилово, изграден пат во должина од 280 км и набавена опрема за филтер станица, двете во општини Василево.

Согласно обврските на Центарот, беа дадени и позитивни мислења за потпишаниот Колективен договор и за измена и дополнување на Правилникот за плати.

Беше избран и нов претседател на Советот за развој на ЈИПР, Г-н Ѓорѓе Божинов, градоначалник на општина Ново Село.


Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy