Skip to content

Партнерите на проектот SEBCoVE одржаа настан во Скопје

ДАТУМ

ноември 20, 2024

Категории

Проектниот тим на ЦРЈИПР по проектот SEBCoVE беше дел од одбележувањето на 20-годишниот јубилеј на Сојузот на стопански комори, каде во рамките на истиот се одржа настанот „Трипартитна соработка за знаење во зелена и дигитална транзиција“. Преку три сесии, учесниците дискутираа за придобивките од изградба на паметни згради како нов чекор кон воведување на иновативни решенија во рамките на зелената економија во нашата земја.

На настанот беа презентирани клучните активности и очекуваните резултати од проектот SEBCoVE, со посебен фокус на потребата од развивање специјализирани курсеви и обуки за паметна електрична енергија. Преку дискусиите се идентификуваа потребите на индустријата и начините на усогласување на тековните образовни програми со овие нови трендови. Во таа насока, беше истакната иницијативата за отворање на Центар за едукација за паметни технологии во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион (ЈИПР).

Настанот го збогатија високи претставници од бизнис секторот и институциите, меѓу кои и претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангеловски, потпретседателите Орце Симов, Горан Ѓоргиевски и Драган Пехчевски, како и Александар Николовски, заменик премиер и министер за градежништво и транспорт, кој им се обрати на присутните, истакнувајќи ја важноста на ваквите иницијативи за економскиот развој на земјата.

SEBCoVE продолжува со својата мисија за унапредување на знаењето и иновациите во зелената и дигиталната транзиција, создавајќи нови можности за стручно усовршување и применлива едукација во оваа област.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy