Skip to content

Трет регионален настан „Трипартитна соработка за зелена и дигитална трансформација“ во Струмица

ДАТУМ

март 28, 2025

Категории

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, заедно со партнерите од земјава, Emkice KIC и Сојузот на стопански комори на Македонија, успешно го организираше третиот регионален настан под наслов „Трипартитна соработка за зелена и дигитална трансформација“ во Струмица, во рамките на проектот „Паметна електрична енергија за згради“ – Центар за стручна извонредност – SEBCoVE.

На настанот присуствуваа градоначалници, универзитетски професори, инженери, архитекти и претставници од градежниот и енергетскиот сектор, како и бројни организации посветени на одржливиот развој. Клучен фокус беше на зајакнување на соработката помеѓу локалната самоуправа, академијата и приватниот сектор, со акцент на зелената и дигиталната трансформација како движечка сила за постигнување на одржлив развој.

Дискусиите на настанот се одвиваа во три интерактивни панел сесии:

  • Првиот панел беше посветен на енергетската ефикасност во општините, каде градоначалниците ги презентираа успешните проекти и плановите за идните напори во оваа насока. Се нагласија локалните стратегии за паметни и ефикасни градби, како и предизвиците со кои се соочуваат општините при нивната имплементација.
  • Во вториот панел, професори и експерти за регионален развој разговараа за улогата на паметните и енергетски ефикасни градби во иднината. Тие ја истакнаа важноста на новите технологии за развојот на паметни згради и потенцијалот за соработка помеѓу академијата и бизнис-секторот за побрза имплементација на иновативни решенија.
  • Третиот панел се фокусираше на градежниот сектор и енергетската ефикасност. Претставниците на компаниите од регионот понудија интересни перспективи за идниот развој на паметни и енергетски ефикасни решенија, како и можностите за финансирање на овие проекти.

Еден од клучните моменти на настанот беше потпишувањето на меморандуми за соработка со електро и машинските факултети од трите државни универзитети, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Ова партнерство ќе овозможи заеднички напори во создавање иновативни решенија во области како машинство, архитектура и електротехника, со цел унапредување на зелената и дигиталната трансформација.

Регионалниот настан „Трипартитна соработка за зелена и дигитална трансформација“ во Струмица беше одлична платформа за размена на знаења и искуства помеѓу локалната самоуправа, академскиот сектор и бизнис-заедницата и ја потврди важноста на соработката и партнерствата за постигнување на целите за одржлив развој и иновации. Тој постави основа за имплементација на идните активности во рамките на проектот, ја поттикна реализацијата на паметни и енергетски ефикасни решенија кои ќе ги направат јавните и општинските институции поефикасни, ќе ги намалат трошоците за електрична енергија и ќе придонесат за заштита на животната средина во регионот.

                                  

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy