Skip to content

Центарот за развој со нов проект преку Интеррег Европа Програмата

ДАТУМ

мај 23, 2025

Категории

Одржливиот модел на развој бара иновативни пристапи, партнерства и насочени политики. За таа цел Центарот за развој на Југоисточниот плански регион е партнер во проектот SIJMA, финансиран преку Програмата Интеррег Европа, кој ја промовира социјалната иновација како алатка за креирање нови работни места и можности за претприемништво.

           
Проектот обединува организации од Шпанија, Грција, Северна Македонија, Унгарија и Германија, создавајќи мрежа за размена на знаење и добри практики за нови одржливи стратегии за развој.
Клучни цели на SIJMA:
• Зајакнување на социјалните иновациии како двигател за вработување и претприемништво
• Подобрување на регионалните политики за одржлив развој и социјална економија
• Поддршка на експериментални платформи за решенија на локално ниво
• Поттикнување соработка меѓу јавниот и приватниот сектор
• Размена на добри практики меѓу региони
• Менторски програми и градење капацитети за млади и социјални претприемачи
• Вклучување на заедниците во процесите на одлучување
Улогата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во проектот:
• Иницијативи за интегрирање на социјалната иновација во регионалните развојни политики
• Организација на тематски работилници и студиски посети
• Развивање нови политики за социјално претприемништво и учество на граѓаните
• Ширење на резултатите до засегнатите страни, бизнис секторот и носителите на одлуки

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy