Skip to content

ЦРЈИПР ПАРТНЕР ВО НОВ ЕУ ПРОЕКТ CAAIVE – ОДРЖАН ПОЧЕТЕН KICK-OFF СОСТАНОК ВО СЕРЕС, ГРЦИЈА

ДАТУМ

јуни 12, 2026

Категории

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион (ЦРЈИПР) е официјален партнер во новиот проект CAAIVE – „Центри за извонредност во стручното образование и обука за вештачка интелигенција во земјоделството“, одобрен од Европската комисија во рамки на ЕРАЗМУС+ Програмата.

Проектот има вкупен буџет од 3,76 милиони евра, времетраење од 48 месеци и вклучува 15 партнери од 6 држави: Република С. Македонија, Грција, Латвија, Полска, Италија и Романија.

Во рамки на започнувањето на проектните активности се одржа почетен (Kick-off) состанок во Серес, Грција со учество на сите проектни партнери, со цел меѓусебно запознавање, детално претставување на проектот, неговите цели, очекувани резултати, како и утврдување на работните пакети и улогите на партнерите во неговата имплементација.

На состанокот беа разгледани клучните активности, временската рамка за реализација, како и механизмите за координација, комуникација и соработка помеѓу партнерите во текот на спроведувањето на проектот.

Со ова, проектот CAAIVE официјално започнува со својата имплементација, со фокус на унапредување на стручното образование и интеграција на вештачка интелигенција во земјоделскиот сектор. Проектот се очекува да придонесе кон зајакнување на иновациските капацитети, унапредување на соработката и поттикнување на одржлив развој во регионот.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy