Известување за второ ларвицидно прскање против комарци
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните дека согласно Планот за спроведување на ларвицидна дезинсекција, во периодот од 27 до 28 јули 2026 година ќе се спроведе втората ларвицидна дезинсекција и тоа со следниот распоред:
📅 27.07.2026 година
- Општина Радовиш – од 09:00 часот
- Општина Конче – од 12:00 часот
- Општина Струмица – од 09:00 часот
📅 28.07.2026 година
- Општина Василево – од 09:00 часот
- Општина Ново Село – од 12:00 часот
- Општина Босилово – од 09:00 часот.
Третманите ќе ги спроведуваат стручни екипи со примена на одобрени ларвицидни препарати, согласно важечките стандарди и прописи.
Доколку временските услови не дозволуваат реализација на активностите во предвидениот термин, третманот ќе биде одложен и ќе се изврши во првиот нареден поволен ден.
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе продолжи со спроведување на превентивните мерки за контрола на популацијата на комарци и заштита на здравјето на граѓаните.

No comment yet, add your voice below!