На 03.11.2026 год. се одржа седмата седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, на која беа разгледани прашања поврзани со работата на Центарот, управувањето со проектната опрема и идните развојни иницијативи во регионот.
На седницата беше усвоен записникот од претходната седница, а за вршител на должноста директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион повторно беше избран Јован Коцев.
Исто така, беа донесени одлуки за преотстапување на опрема и софтвер на Центарот за управување со кризи – Скопје, набавени преку проектот „Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош – HELP“, како и за преотстапување на комунално возило на Општина Струмица, набавено во рамките на проектот „Модернизација на регионот – набавка на специјализирани возила“.
Во продолжение, компанијата Тримакс – Скопје презентираше предлог-проекти за општините од областа на спортот, образованието, технологијата и туризмот, како и интерактивна дигитална платформа за културно и туристичко информирање.
На седницата беше презентиран и Патоказот за Зелената агенда за Југоисточниот плански регион од страна на Центарот за климатски промени – Гевгелија, како насока за идните активности во областа на одржливиот регионален развој и заштитата на животната средина.


No comment yet, add your voice below!