Проектот ќе го зголеми знаењето и свеста за одржливо живеење, за влијанието врз животната средина, како и за придобивките од одржливите енергии. Со подобрувањето на условите во детската градинка, ќе се намали енергетскиот отпад,
Инсталирање на обновливи енергетски извори и подобрување на енергетската ефикасност во Струмјани и Василево
Со проектот се предвидува енергетски ефикасно осветлување во Струмјани и спроведување на енергетски ефикасни градежни активности, како и осветлување во општина Василево. Со проектот ќе се едуцира и јавноста за прашања од животната средина и истиот се очекува да ја зголеми инклузивноста и грижата за животната средина.
Зелени детски градинки за одржлива иднина (Зелени детски градинки)
Проектот има за цел заштита на животната средина и одржливa употреба на заедничките природните ресурси во областа на прекуграничната соработка и придонесува кон инвестирањето во зелена инфраструктура и енергетско образование во прекуграничниот регион, конкретно во градинките и кај децата од предучилишна возраст.
Промовирање на децентрализирано производство на енергија од обновливи извори на енергија (EnerGain)
Проектот има за цел да го поддржи формирањето на интегриран пристап во прегуграничната област во делот на децентрализирано производство на енергија од обновливи извори и воведување на решенија за енергетска ефикасност.
Прекугранично партнерство за заштита на животна средина и подобар квалитет на живот (Waste EDU)
Проектот има за цел да се подобри управувањето со отпадот и спречување на загадувањето во прекуграничната област , подобрувајќи ги знаењата во врска со негативното влијание од несоодветно управување со отпадот, последици за животната средина и животот.
Евалуација на мерењата за енергетска ефикасност
Општа цел на проектот е имплементација на мерки за енергетска ефикасност во јавните згради со кои раководат единиците на локалната самоуправа во пограничниот регион.
ЦРЈИПР ОРГАНИЗИРАШЕ РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „РАЗВОЈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ ВО ПЛАНСКИТЕ РЕГИОНИ“
На 5-ти ноември 2024 година, во хотел „Сириус“, беше одржана работилница на тема „Развој на социјални услуги во планските региони“, организирана од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“.

На настанот учествуваа претставници од сите десет општини од Југоисточниот регион, активни во областа на социјалната заштита, како и директорите на Центрите за социјална работа, претставници на Црвениот крст и невладини организации.

Во своето обраќање, Г-н Ристо Манчев, Претседател на Советот за социјална заштита на Југоисточниот регион, ја истакна важноста на развојот на мрежа на социјални услуги што ќе ги задоволат потребите на граѓаните и ќе поттикнат инклузивен и одржлив развој. „Важно е да ги препознаеме специфичните потреби на различни групи – од деца и младинци, преку лица со попреченост, до постарите генерации,“ додаде тој.

Учесниците дадоа активен придонес преку работа во групи и решавање на практични задачи, создавајќи продуктивна работна атмосфера.
Одржана XXIX Седница на Советот за развој на ЈИПР
Југоисточниот плански регион со прва сеопфатна техничка документација за поставување брзи полначи за електрични возила
Министерот за локална самоуправа во посета на Југоисточниот регион
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши, ги посетија локациите на кои што се имплементирани проектни активности во рамките на два проекти финансирани преку Програмата за рамномерен регионален развој, со цел да направат увид во постигнатите резултати.
Во рамките на проектот „Југоисточниот регион – можност за нови туристички авантури“, дел од активностите вклучуваат реконструкција и поставување на нова урбана опрема на Смоларските водопади и излетничкиот локалитет Пирго кај Мокриево, во општина Ново Село преку изградба на нови пешачки патеки, санација на дрвените огради и поставување нов пешачки мост пред водопадите. На Пирго се изградени нови летниковци, проширен е капацитетот на постојниот амфитеатар, поставени се детско катче и ново одбојкарско игралиште на песок.Continue reading




