Трипартитна соработка за знаење во зелена и дигитална транзиција – SEBCoVE

На ден 27.08.2024 година, во хотел „Ла Тераца“ во Дојран, се одржа значајниот настан „Трипартитна соработка за знаење во зелена и дигитална транзиција“, организиран во рамки на проектот SEBCoVE – Smart Electricity for Buildings, финансиран од Европската комисија. Настанот беше организиран од страна на партнерите на проектот: Центар за развој на Југоисточниот плански регион, Сојуз на стопански комори на Македонија и Емкице КИЦ.
На настанот присуствуваа високи претставници од јавниот и приватниот сектор, вклучувајќи го министерот за дигитална трансформација, министерот за локална самоуправа и министерот за јавна администрација на Република Македонија и градоначалници од регионот. Исто така присутни беа и претставници на амбасади во Р.Македонија, како и претставничка од Европската Комисија и Евроамбасадта. Свои обраќања имаа и експерти од Tesla Science Center во Њујорк, како и престижни професори и истражувачи од различни универзитети и институти од Европа и САД.
Во рамки на три панел-дискусии, учесниците имаа можност да разменат мислења и искуства за идните активности на SEBCoVE проектот, дигитализацијата, иновациите во паметните градови и села, како и трендовите во политиките за зелена и дигитална трансформација за локален и регионален економски развој.
SEBCoVE проектот, кој ќе се имплементира во следните три години во седум европски земји, вклучуваjќи ги Македонија, Грција, Португалија, Шпанија, Италија, Холандија и Германија, со вкупен буџет од 3 милиони евра. Целта на овој проект е да ги поддржи дигиталната трансформација и енергетската ефикасност во јавните објекти, преку соработка на некои од најдобрите експерти и организации во Европа. 💡
Настанот продолжува и утре, каде што присутните ќе го продолжат своето патување низ убавините на Југоисточниот регион со неформална размена на идеи и градење на нови партнерства.

Трето прскање против возрасни комарци во Југоисточниот плански регион

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 13-ти, 14-ти и 15-ти Август 2024 година, во периодот од 20.00 до полноќ ќе се врши теристична дезинсекција против возрасни комарци и тоа во следниве општини:

  • 13 Август (Вторник) во општина Радовиш;
  • 14 Август (Среда) во општините Дојран и Валандово;
  • 15 Август (Четврток) во општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Одржана XXVIII Седница на Советот за развој на ЈИПР

XXVIII Седница на Советот за развој на ЈИПР се одржа на 07.08.2024 година. Истата беше одржана онлајн на платформата ЗООМ.

Со потребното мнозинство беше донесена Одлука за согласност за аплицирање и имплементација на предлог проект преку повик Конкурентен фонд за проекти засновани на заедницата за управување со пожари поддржано од Швајцарска Амбасада во Република С.Македонија.

Второ прскање против возрасни комарци во Југоисточниот плански регион

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 10-ти и 11-ти Јули 2024 година, во периодот од 20.00 до полноќ ќе се врши теристична дезинсекција против возрасни комарци и тоа во следниве општини:

  • 10 Јули (Среда) во општините  Конче, Валандово и Дојран;
  • 11 Јули (Четврток) во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица;

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Одржана XXVII седница на Советот за развој ан ЈИПР

На 01.07.2024 година претседателот на Советот за развој на ЈИПР свика итна седница на која десетте општини од Југоисточниот плански регион се координираа во врска со преземање на мерки за заштита и справување со пожарите во Југоисточниот плански регион. На оваа седница беше донесен заклучок со кој градоначалниците бараа закажување на состанок во најкраток можен рок со Министерот за животна средина, како и други релевантни државни институции со цел решавање на проблемот со депонијата во с.Добрашинци.

Исто така на седницата беше донесена и одлука за согласност за аплицирање и имплементација на проект преку повик за поднесување на предлог проекти за Подготовка на техничка документација за инфраструктурни проектипреку Фондот за техничка документација.

ТРЕТА ЛАРВИЦИДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ВО ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 03 Јули 2024 година, во периодот од 09.00 до 16.00 часот ќе се врши ларвицидна дезинсекција и тоа во следниве општини:

  • 03 Јули ( Среда) во општините Ново Село, Босилово, Василево, Струмица, Валандово и Дојран;

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Прво прскање против возрасни комарци во Југоисточниот плански регион

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 11-ти и 12-ти Јуни 2024 година, во периодот од 20.00 до полноќ ќе се врши теристична дезинсекција против возрасни комарци и тоа во следниве општини:

  • 11 Јуни (Вторник) во општините Валандово, Дојран, Радовиш, Конче,
  • 12 Јуни ( Среда) во општините Ново Село, Босилово, Василево, Струмица;

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

ВТОРА ЛАРВИЦИДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ВО ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 29 Maj 2024 година, во периодот од 09.00 до 16.00 часот ќе се врши ларвицидна дезинсекција во период и тоа во следниве општини:

  • Валандово, Дојран, Радовиш, Конче, Ново Село, Босилово, Василево, Струмица;

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Одржана XXVI седница на Советот за развој на ЈИПР

На 14.05.2024 година беше одржана XXVI седницата онлајн на платформата ЗООМ.

На дневен ред беа ставени точки за примопредавање на фотоволтаичен систем инсталиран на спортската сала и училиштето „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш, за кои средства беа обезбедени преку Грантовата шема. Исто така беше добиена и согласност за склучување на анекс на Договор за вработување на определено време.

Известување за ларвицидна дезинсекција во Југоисточниот регион

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 29 Април 2024 година, во периодот од 09.00 до 16.00 часот ќе се врши ларвицидна дезинсекција и тоа во следниве општини:

–  Валандово, Дојран, Радовиш, Конче, Ново Село, Босилово, Василево, Струмица.