Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ CB006.2.12.122, како проектен партнер, по објавениот тендер за Набавка на опрема за противпожарна заштита и спроведување на постапката за евалуацијата, успешно склучи договор со еден од понудувачите на јавниот повик за ЛОТ 1 – Противпожарна опрема и лична заштитна опрема и облека. Компанијата „Форес ДООЕЛ Скопје“ Северна Македонија во текот на претстојниот период ќе ги снабди пожарникарите со нова лична заштитна противпожарна опрема за гаснење на шумски пожари.
Одржана V (петтата) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион
На 01.02.2022 година во општина Гевгелија се одржа V (петтата) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.
На Седницата беа донесени Одлуки за верификација на мандатот на член на Советот претставник од бизнис заедницат, Г-н Миле Цеков, претседател на Регионална Стопанска Комора, Струмица и член на Советот претставник од здруженијата, Г-н Ристо Атанасовски, овластено лице на Фондација за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија кои ќе имаат мандат од четири години без право на глас.
Исто така Советот го усвои Правилникот за внатрешна организација на Центарот, Извештајот за попис за 2021 година, беше дадено позитивно мислење на Правилникот за систематизација на работните места во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион како и Правилникот за плати и надоместоци.
Посета на Потенцијални Социјални Претпријатија од Регионот
На 02.02.2022 година Проектниот тим од проектот „Поддршка на социјално претприемништво“, Барбара Садовска, Сузана Трајковска Кочанковска и Ирина Јаневска во посета на Регионалната Канцеларија за социјално претпримеништво во Југоисточниот плански регион.
На состанокот се разговараше за досегашните активности имплементирани во рамки на проектот, идеи за бизнис модел на одржливост, можности за финансирање на потенцијалните социјални претпријатија од регионот како и за следните активности во рамки на проектот.
Како претставник на една од најпрепознатливите општествено одговорни компании во регионот, па и пошироко на состанокот беше поканета Данче Костова од компанијата Риверсофт, пред која се презентираа можностите за финансиска поддршка на бизнис секторот во делот на развој на потенцијалните социјални претпријатија од Југоисточниот плански регион.
По завршувањето на состанокот беше реализирана продуктивна посета во Црвен Крст Струмица и Етно Ресторан „Кај Виктор“. Овие две потенцијални социјални претпријатија служат за одличен пример на локално и регионално ниво бидејќи работат со сите категории на маргинализирани и социјално исклучени лица. Црвен Крст Струмица се грижат за ранливите категории, регрутират и обучуваат волонтери, обезбедуваат обука за здравствена превенција и нудат лична помош и грижа за стари лица. Додека пак Етно Ресторан „Кај Виктор“ работи под мотото „Сите сме исти, сите заслужуваме радост“ и обезбедува поддршка на лицата со аутизам каде преку готвење и организирање на најразлични активности преку кои им го прави животот поубав.
Посетата беше мошне продуктивна и истата резултираше соконкретни заклучоци, идеи и креативни решенија за идна плодна соработка , видливост и одржливост на Канцеларијата за социјално претприемништво, каде се разговараше за можностите кои би ги имале организациите во иднина, за креативни идеи и решенија како да прераснат во социјални претприемништва со зајакнати капацитети и на кој начин да ги прошират своите услуги и да се промовираат на пазарот на труд.

Центарот за развој со нов проект преку Програмата за прекугранична соработка со Грција
Со потпишувањето на Договорот на 17.01.2022 година, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион започна со имплементација на проектот „Деловен екосистем како интегриран систем – Би Ин“, финансиран од Европска Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Р.С.Македонија.
Проектот има за цел да им помогне на поединците да ги развијат своите вештини, а на деловните субјекти да го зголемат својот капацитет преку создавање на кохерентен, интегриран и иновативен деловен екосистем кој овозможува вмрежување и зајакнување на идеите со цел да се намали јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот во прекуграничниот регион.
Со проектот се предвидуваат меѓусекторски и квалитетни анкети пропратени со длабински интервјуа, кои ќе дадат една поширока слика за работната сила и трендовите во претприемништвото, а ќе откријат важни слабости. Планира и поддршка, помош во работењето и поттикнување на нови идеи на постојните мали и средни претпријатија, преку развивање на пакет со алатки со цел зајакнување на сегашните оперативни капацитети.
За младите претприемачи од Југоисточниот плански регион планирано е да се организира седумдневен камп преку кој истите ќе можат ги развијат своите вештини за пишување на бизнис план, да се стекнат со нови знаења од областа на иновациите и претприемништвото, но и да се дружат и мотивираат за преземање на конкретни акции.
3Д опремата која ќе се набави, ќе биде презентирана на пошироката јавност и таргет групите преку одржување на шест отворени денови на кои присутните ќе имаат можност одблиску да се запознаат со ваквиот тип на опрема и со предностите кои таа ги нуди.
Ова се само дел од активностите што ќе се имплементираат во рамките на проектот со буџет од 152.482,50 евра наменет за Центарот за развој на ЈИПР.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 910.144,71 евро, а активностите ќе се имплементираат во наредните 18 месеци.
Одржана IV (четвртата) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион
Советот за развој на Југоисточниот плански регион на 24.12.2022 година во о.Валандово ја одржа IV (четвртата) Седница.
На Седницата беа усвоени Финансискиот план на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2022 година, Акциониот план за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2022 година, документи кои Центарот ги подготвува секоја година согласно стратешките цели и мерки од Програмата за развој на Југоисточниот плански регион односно Законот за рамномерен регионален развој.
Дополнително на Седницата беше усвоена и Одлука за донација на возило на општина Босилово. Возило кое беше во сопственост на Центарот, а во иднина ќе служи на општинската администрација во Босилово.
ЗБОГАТУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКАТА ПОНУДА ВО ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН
Со овој предлог проект се предвидува стратешки инвестициски пакет мерки во повеќе општини, во насока на развој и промоција на регионот како атрактивна туристичка дестинација, во склоп на мерките за стратешки развој на Економијата, инвестициите на пазарот на труд и во туризмот.
Планирано е проектот да опфати инфраструктурни активности во четири општини во Југоисточниот регион, со цел поддршка и развој на различни видови на туризам во регионот и тоа рурален, езерски, културен и црковен, планински, ловен туризам.
Во рамките на овој проект планирани се следниве активности:
-Уредување и изградба на туристичка патека во должина од 700м од манастирот Св. Горѓи до Исар Кулата во општина Валандово,
-Доизградба на локален пат до с. Хума во должина од 782,14м во општина Гевгелија,
-Изградба на пешачка патека во должина од 1.285м кон граничниот премин Стар Дојран во општина Дојран,
-Доизградба и опремување на конак во дворот на манастирска црква Св. Стефан во с. Конче, општина Конче.
Резултати:
-Инфраструктурен развој;
-Зголемен економски приход од странски и домашни туристи;
-Зголемен број на граѓани кои ќе ги користат патеките за подобар пристап до посакуваните објекти;
-Зголемен број на ноќевања, а со тоа економски бенефит за ЈИПР.
Избран член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Југоисточниот плански регион
На 29.12.2021 година во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион се одржа состанок на кој беа поканети преставници на сите здруженија кои доставија Пријави по распишаниот Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Југоисточниот пллански регион – претставник од здруженијата.
Согласно законската процедура здруженијата кои ги исполнуваа критериумите наведени во Јавниот повик едногласно одлучија дека за член во Советот за развој на Југоисточниот плански регион – преставник од здруженијата е избрано здружението Фондација за локален развој и развој на информатичките технологии – Гевгелија, преку овластеното лице г. Ристо Атанасовски.
Мандатот на избраниот член – преставник од здруженијата ќе биде верификуван на наредната седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, на која ќе биде верификуван и мандатот на г. Миле Цеков како член- претставник од бизнис секторот, кој беше номиниран од страна на Стопанската комора на Северна Македонија.
Формиран Совет за социјална заштита на Југоисточниот плански регион
На 24.12.2021 година во просториите на општина Валандово се одржа Конститутивна Седница и се формираше Советот за социјална заштита на Југоисточниот плански регион каде членови се градоначалниците на сите десет општини на Југоисточниот плански регион и директорите на сите Центри за социјална работа во регионот, а Центарот за развој на Југоисточниот плански регион има улога на административно тело.
За претседател на Советот едногласно беше избран градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов со мандат од една година.
На Седницата беше усвоен Деловникот за работа со кој се уредува начинот на работа на Советот за социјална заштита како и Предлогот за потребата од развивање на социјални услуги во Југоисточниот планскиот регион, видот и начинот на воспоставување на услугите кој Преглед во иднина ќе овозможи да се искористат капацитетите на Центарот за развој и да се аплицира за проекти од областа на социјалната заштита.
Г- нот Јован Манасиевски, експерт од областа на социјалната заштита имаше свое воведно обраќање пред присутните пред кои го нагласи значењето на конституирањето на овој Совет и истакна дека со тоа се прави чекор кон децентрализација на социјалната заштита. Исто така се задржа и ги потенцираше потребите на Југоисточниот регион од областа на социјалната заштита, како што е потребата не само од градење на старечки домови, туку и развивање на мерката помош и нега во домот со што би биле опфатени поголем број на лица на кои им е потребна оваа грижа.
Од големо значење е и потребата од мапирање на социјалните ризици и формирање на Совети за социјална заштита во секоја општина, со цел донесување на Годишни планови за социјална заштита. Со овие планови ќе се дефинираат потребите и општините ќе можат да аплицираат за добивање на грантови, како и користење на европските фондови.

Покана за состанок до здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на ЈИПР
До
Младинско здружение Феникс, Ново Село
Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Гевгелија
Локална Акциона Група Беласица – Огражден, Босилово
Здружение Рурален Центар Огражден, Босилово
Здружение Здрава Котлина, Струмица
Врз основа на член 21 став 13, 14 и 15 од Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РСМ“ број 24/21 и 174/21 ) и член 6 од Одлуката за распишување на јавен повик за избор на член во Советот за развој на Југоисточниот плански регион – претставник од здруженијата бр. 08-404/1 од 23.11.2021 година, Претседателот на Комисијата за спроведување на јавниот повик за избор на член во Советот за развој на Југоисточниот плански регион – претставник од здруженијата, упатува:
Покана за состанок
до здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик за избор на член во
Советот за развој на Југоисточниот плански регион – претставник од здруженијата
Почитувани,
Како апликанти по Јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Југоисточниот плански регион, Ве покануваме на состанок на ден 29.12.2021 година (среда) во почеток во 12:00 часот, во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на адреса Бул. Маршал Тито бр.1-1, 2400 Струмица.
На состанокот може да учествуваат сите здруженија кои доставиле Пријава по Јавниот повик, а може да одлучуваат само здруженијата кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик и тоа преку овластените лица на здруженијата или лица ополномоштени од нив кои се должни да достават:
- полномошно за учество на состанокот за здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик, но не ги исполнуваат критериумите назначени во повикот во оригинал со печат и своерачен потпис од овластеното лице или
- полномошно за учество и одлучување за здруженијата кои се пријавиле и кои ги исполнуваат условите од Јавниот повик во оригинал со печат и своерачен потпис од овластеното лице.
На состанокот, пријавените кандидати кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик, со мнозинство гласови одлучуваат кој од нив ќе ги претставува во Советот за развој на Југоисточниот плански регион, како член – претставник од здруженијата, без право на глас, со мандат од 4 (четири) години.
Здруженија кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик се:
- Младинско здружение Феникс, Ново Село
- Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Гевгелија
- Локална Акциона Група Беласица – Огражден, Босилово
Со почит,
25.12.2021 година
Комисија за спроведување на Јавниот повик за
избор на член во Советот за развој на Југоисточниот
плански регион – претставник од здруженијата
Претседател,
Никола Годев
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА ЗА РРР
На ден 22.12.2021 година Г-ѓа Жулиета Ѓуркова, Директорка на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Г-н Рамиз Реџепи, Директор на Бирото за регионален развој потпишаа Договори за реализација на проекти во Југоисточниот плански регион во вкупна вредност од 50.824.125,00 денари, кои се обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021-2022 година.
Дополнително за овие проекти на 24.12.2021 година директорката на Центарот и Градоначалниците на општините од Југоисточниот плански регион, партнери во проектите, потпишаа Договори за партнерство во реализација на истите. Сопственото учество на општините во имплементација на овие проекти изнесува 16.685.954,00 денари, а вкупната вредност на проектите заедно со средствата од Биро за рамномерен регионален развој изнесува 67.510.079,00 денари. Ќе се реализираат следниве проекти:
- Збогатување на туристичка понуда во Југоисточниот плански регион во општините Дојран, Гевгелија, Валандово и Конче;
- Изградба на пристапен пат до регионалниот стационар за бездомни животни во општина Струмица;
- Изградба на локален пат од село Димјан до село Погулево во должина од 1927,81 м;
- Изградба на локален пат на релација с.Колешино-с.Босилово (III фаза).
Реализацијата на овие п
роекти се очекува да започне на почетокот на 2022 година !








