Skip to content

Центарот за развој на ЈИПР започна со регионални форумски сесии за избор на приоритетни проекти во областа на социјалната инклузија

ДАТУМ

февруари 4, 2020

Во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка, Центарот започна со реализација на вториот циклус на регионални форумски сесии во рамки на отворената Грантова шема за инвестициски проекти на планските региони во областа на социјалната инклузија за 2020 година.

Средствата од Грантовата шема ќе бидат доделени врз основа на степенот на неразвиеност на регионите. Максималниот износ на средствата кои може да ги добие Југоисточниот регион, како втор по развиеност, изнесува вкупно 125.559,00 швајцарски франци.

Во рамките на Грантовата шема, Центарот ќе организира четири форумски сесии за време на кои ќе се дискутира за проблеми кои  го засегаат регионот и ќе се нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти во областа на социјалната инклузија.

На првиот регионален форум кој беше одржан на 31.01.2020 година во хотел Сириус во Струмица, претставници од општините, месни заедници, Црвен крст, НВО, Центри за социјална работа, бизнис сектор и други засегнати страни на партиципативен начин идентификуваа проблеми во областа на социјалната инклузија, а потоа предложуваа решенија кои би можеле да бидат развиени во проектни концепти.

Предложените решенија ќе бидат подготвени во предлог проекти и ќе бидат презентирани од страна на работните групи за време на втората форумска сесија која ќе се одржи на 07.02.2020 година во хотел Сириус, Струмица.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy