НА ВТОРАТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ИЗГЛАСАНИ ПРИОРИТЕТНИ ПРОЕКТИ ЗА 2024 ГОДИНА

На 24.11.2023 година во хотел Цар Самуил се одржа втората форумска сесија во рамките на која учесниците имаа можност да ги приоретизираат концептите за предлог проекти кои произлегоа од идентификуваните проблеми и предложените решенија на првата форумска сесија.

Во периодот помеѓу двете форумски сесии од страна на назначените експерти беше изготвена и првична анализа за придобивките и трошоците за секој од проектните концепти. Ваквите анализи беа презентирани пред форумот, и по претставување на правилата се пристапи кон гласање.

Предлог концептите беа рангирани по следниот редослед:

  1. Подобрување на инфраструктурата во Југоисточниот плански регион преку изградба и реконструкција на локални улици;
  2. Зајакнување на туризмот, подобрување на патиштата: визија за подобар регион!
  3. Набавка на противпожарно возило – Цистерна со капацитет од 10 000 литри;
  4. Набавка на 10 (десет) возила на електричен погон (комбиња) за општините во Југоисточен плански регион;
  5. Уредување на рекреативен парк Топлик и Смарт Сити Дојран – 2 фаза;
  6. Реконструкција на голема сала за манифестации во Пионерски дом –Гевгелија;
  7. Изградба на дел од фекален колектор за нови урбани блокови бр.35-42, Урбана единица 5 во Струмица, Општина Струмица.

Во наредниот период оваа листа ќе биде презентирана пред Советот за развој на Југоисточниот плански регион. По нивно разгледување ќе се донесе Одлука за утврдување приоритетна листа на регионални предлог проекти со кои Центарот за развој ќе аплицира преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година на Бирото за регионален развој, секако земајќи го во предвид гласањето од Втората форумска сесија.

Регионалните форумски сесии беа организирани во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – 2 фаза“ финансиран преку  Швајцарската Агенција за развој и соработка и Владата на Република С. Македонија, претставувана од Министерството за локална самоуправа.

 

Се одржа првата форумска сесија за имплементација на регионални проекти

На ден 27.10.2023 година со одржувањето на Првата форумска сесија, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион започна со имплементација на Регионалните форуми во заедницата со цел подготовка на проекти по Програмата за рамномерен регионален развој за 2024 година на Бирото за  регионален развој.

На форумската сесија беа присутни учесници од различни категории од 10-те општини на Југоисточниот плански регион и истите активно учествуваа во утврдувањето на приоритетните области во кои треба да се интервенира, во идентификувањето на проблемите и предлагање на решенија со кои ќе се овозможи подобрување на условите за живот на населението во Југоисточниот регион.

Како приоритени области кои добија најмногу гласови од учесниците на форумот беа следниве:

  • Транспорт и инфраструктура и
  • Економија и туризам.

Врз основа на идентификуваните проблеми, преку нивна анализа и разработка, во наредниот период ќе се развијат концептни решенија. Истите понатаму ќе се презентираат пред Советот за развој на Југоисточниот плански регион, како и пред присутните учесници на втората форумска сесија, која е планирана да се одржи кон крајот на месец ноември 2023 година.

Регионалните форуми во заедницата во Југоисточниот плански регион се финансиски поддржани од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка преку проектот “Одржлив и инклузивен рамнoмерен региoнален развoј – 2 фаза“.

Граѓаните на Југоисточниот плански регион ги рангираа приоритетните проекти за 2022 година

На 22 Април 2022 година во Хотел Сириус во Струмица од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, се одржа Втората форумска сесија од Регионалните форуми во заедницата кои се реализираат во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој-2 фаза“ финансиран преку  Швајцарската Агенција за развој и соработка и Владата на Република С. Македонија, претставувана од Министерството за локална самоуправа.

На Втората форумска сесија присуствуваа претставници од општините од Југоисточниот плански регион, членови и претседатели од Советите на општините од Југоисточниот плански регион, советници од ЕЛС, претставници од бизнис заедницата, граѓански здруженија, урбани/месни заедници и други заинтересирани страни од регионот. Учесниците имаа можност да ги рангираат предлог концептите по двете програми  Програма за Грантова шема за проекти со задолжителна дигитална компонента и Програма на МЛС/БРР за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година, кои произлегоа од страна на учесниците за време на Првата форумска сесија, а се во насока на подобрување на животот во пошироката заедница и регионот.

Гласањето се одвиваше на тој начин што секоја работна маса требаше да ги оцени предлог концептите давајќи најмногу бодови за тој што сметаат дека е најприоритетен, помалку на останатите кои што сметаат дека се со среден или низок приоритет. Дадените бодови од секоја маса се впишуваа јавно, по што вкупниот број на поени ја даде финалната ранг листа на предлог концептите.

Рангирање на Предлог Концептите по Програмата за Грантова шема за проекти со задолжителна дигитална компонента:

  1. Смарт вело регион
  2. Енергетски ефикасен регион
  3. Дојран регионална еко-оаза

Рангирање на Предлог Концептите по Програмата на МЛС/БРР за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023:

  1. Туризмот – иднината на регионот
  2. Културното богатство – наследство за идните генерации
  3. Реконструкција на локален пат с.Стојаково – с.Ѓавото
  4. Изработка на техничка документација за изградба на велосипедски патеки во општините Конче, Радовиш и Василево

Следните чекори кои ќе бидат превземени се однесуваат на подготовка на проектни апликации и  доставување до комсијата за оценување на предлог концепти по Грантовата шема, додека пак предлог концептите од Програмата на МЛС/БРР ќе бидат презентирани на Советот за развој на ЈИПР и по нивно разгледување ќе се донесе Одлука за утврдување листа на регионални предлог проекти за 2022 година, секако земајќи го во предвид гласањето од Втората форумска сесија.

Прва форумска сесија во Југоисточниот плански регион

Одржувањето на првата форумска сесија на 10 март 2022 година го најави започнувањето на процесот на Регионални форуми во заедницата во Југоисточниот плански регион, финансиски поддржани од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка преку проектот “Одржлив и инклузивен рамнoмерен региoнален развoј – 2 фаза“.

Првата форумска сесија беше поделена во два дела, бидејќи се предлагаа проектни идеи и решенија по две Програми и тоа:

  • Програма за проекти преку Грантова шема на МЛС/СДЦ и
  • Програма за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година на МЛС/БРР

Во првиот дел по Програмата за Грантовата шема предвидено е да се доделат средства за еден проект од минимум 320 илјади евра. За таа цел присутните на форумот кои беа од различни категории на граѓани од Југоисточниот плански регион (од Единиците на локалната самоуправа, Советите на општините, невладини организации, бизнис секторот и други заинтересирани граѓани) имаа можност да идентификуваат и дефинираат приоритетни регионални проблеми за секоја од претходно утврдените приоритетни области.

Во вториот дел од денот учесниците предлагаа проектни идеи по Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023, каде на располагање се околу 750 илјади евра за имплементација на проекти од регионално значење.

Над 70 учесници на форумот активно учествуваа во утврдувањето на проблемите кои го засегаат Југоисточниот регион, дискутираа, а воедно предлагаа и решенија како да се надминат проблемите со цел да се подобрат условите за живот на сите граѓани во регионот, што секако е од особено значење за успешна реализација на регионалниот форумски процес.

Во периодот кој што следува врз основа на идентификуваните предизвици од првата форумска сесија ќе се развијат концептни решенија и по двете Програми кои понатаму ќе се презентираат пред Советот за развој на Југоисточниот плански регион како и пред присутните учесници на втората форумска сесија, која е планирана да се одржи кон крајот на месец април 2022 година.

Втора форумска сесија во рамките на Регионалните форуми на заедницата за 2020 година

Како дел од втората форумска сесија, се спроведе пополнување на е-прашалник со цел приоретизирање на концепти за предлог проекти како предлог решенија произлезени од учесниците на првата форуска сесија, а развиени од страна на експерти во соработка со Центарот за развој на ЈИПР.

Прашалниците беа пополнети од вкупно 62 учесника, претставници од општините, јавна администрација од регионот, бизнис сектор, пензионери, невработени лица и др., од кои 26 (41,9 %) се жени, а 36 (58,1%) се мажи.

По направените анализи и сумираните податоци, концептите за предлог проекти беа рангирани по следниот редослед:

  1. Збогатување на туристичката понуда во Југоисточниот плански регион
  2. Изградба на пристапен пат до регионалниот стационар за бездомни кучиња
  3. Изградба на Локален пат на релација с.Погулево – с.Дамјан
  4. Изградба на Локален пат на релација Колешино – Бориево (трета фаза)
  5. Изградба на Локален патен правец Л603 за поврзување на патниот правец – Стојаково – Ѓавато со крстосницата со регионалниот пат Р1109

Во рамките на Втората форумска сесија на 15.12.2020 година беше одржана и онлајн презентација на резултатите од гласањето како и од аналитичката студија на петте предлог концепти, каде што беа дадени и препораки за нивно подобрување.

Понатаму овие резултати ќе бидат претставени и пред Советот за развој на Југоисточниот регион кој ќе ги земе во предвид при утврдување на конечната листа на приоритени проекти.

Прва форумска сесија во рамките на Регионалните форуми на заедницата за 2020 година

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион (ЦЈИПР), во месец октомври, ги започна подготовките за одржување на Регионални форуми во заедницата како алатка за идентификација, приоретизирање и подготовка на предлог проекти за добивање на финансиска поддршка од Програмата за рамномерен регионален развој на Бирото за регионален развој (БРР) и Министерството за локална самоуправа на РСМ (МЛС). Врз основа на досегашното позитивно искуство од форумските процеси, во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, што Центрите за развој на планските региони го реализираа со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка и МЛС, одлучено е партиципативното и транспарентно носење на одлуки,со широко граѓанско учество, да биде практикувано и при обезбедувањето на поддршка за предлог проекти од БРР и МЛС. Имено, регионалниот форум, како и усогласеноста на проектите со утврдените приоритети во  програмите за развој на планските региони и со годишната листа на проекти донесена од Советите за развој на планските региони, стануваат задолжителен кавалификациски критериум во процесот на аплицирање со проекти и искористување на средствата достапни од Програмата за рамномерен регионален развој на БРР/МЛС.

Според концептот за спроведување на регионалните форуми, предвидено е одржување на две форумски сесии на кои учесниците ќе ги изберат приоритетните области и подобласти од стратешките цели на регионот, ќе ги идентификуваат проблемите, потребите и предизвиците што го засегаат регионот и ќе ги приоретизираат концепт решенијата изготвени врз основа на граѓанските потреби. Но, заради ескалирање на КОВИД 19 пандемијата и големиот број на заразени во Југоисточниот регион само неколку учесници од клучните партнери прифатија физичко присуство, заради што беше донесена одлука првата форумска сесија да се реализира со спроведување на електронски прашалник.

Од анализираните резултати од пополнувањето на електронскиот прашалник, учесниците за приоритетни 2 области и 2 подобласти ги избраа следните:

Област 1. Земјоделство и рурален развој

Подобласти:

1. Развивање на современа и функционална инфраструктура во селата и  подрачјата со специфични развојни потреби

2. Модернизација и подобрување на конкурентноста на земјоделското производство

 

Област 2. Економија, инвестиции, пазар на труд, туризам

Подобласти:

1. Развој и промоција на регионот како атрактивна туристичката дестинација

2. Развој на претприемнички еко систем и поттикнување на претприемништвото (вкл. жени и млади)

Форумскиот циклус од 2019 година заврши со презентација на резултатите на проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на 23.09.2020 година во хотел Сириус во Струмица, според протоколите и препораките на Владата за заштита од Ковид-19, ја оранизираше Четвртата и последна форумска сесија од циклусот на Регионални форуми во заедницата од 2019 година во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.

На Четвртата форумска сесија се презентираа резултатите од проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“, кој на партиципативен и транспарентен начин беше изгласан за прв на листата приоритетни проекти од страна на граѓаните на Југоисточниот плански регион на Регионалните форумски сесии од 2019 година коишто се организираа во рамки на Грантова шема за инвестициски проекти 2019 година финансирана од Министерство за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Учесниците на оваа сесија имаа можност да се информираат за текот и процесот на реализација на избраниот проект, резулататите кои се постигнаа со проектот и препораките кои беа упатени од форумот за подобрување на животот во пошироката заедница и регионот.

Проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“ е прогласен за еден од најиновативните проекти произлезен од Регионални форумски сесии во 2019 година, а за успешноста на овој проект исто така сведочи и тоа што оваа 2020 година уште два Регионални Центри ќе го имплементираат истиот проект во два други плански региони во Република Северна Македонија.

Во однос на останатите предлог проекти кои произлегоа од Регионалните форуми од 2019 година, Г-а. Жулиета Ѓуркова, раководител на ЦРЈИП истакна дека истите се од голема важност за Центарот бидејќи се произлезени од граѓаните на регионот и во иднина ќе се прават напори да бидат финансирани.

Сите потребни информации кои се мерат и обработуваат преку станиците може да се добијат на www.agrojug.mk како и на мобилната апликација “Meteobot” каде што се мапирани сите 23 Агрометеоролошки станици во регионот.

Презентирани приоритетите на регионот за развој на проекти во областа на социјална инклузија

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на 07.02.2020 година во хотел Сириус во Струмица ја оранизираше Втората форумска сесија за презентација на проектни предлози во областа социјалната инклузија во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.

Присутни гости на оваа сесија беа и претставници од Министерството за локална самоуправа Г-а Бисера Јакимовска и Г-а Наде Петрушева – Нешковски кои дадода значајни насоки за подобрување на предложените концепти.

Учесниците презентираа пет предлог концепти во областа на социјалната инклузија кои беа развиени за време на првата форумска сесија.

Предлог концептите кои беа презентирани на Втората форумска сесија се однесуваа на: Подобурвање на условите за образование и престој на ранливите групи во Југоисточниот плански регион, Tренинг центар за пристап на пазарот на труд на лица со попречености, Подобрување на здравствената заштита на жените во руралните средини, Воведување на социјални услуги за помош на стари и изнемоштени лица и Заштита на бездомни лица, кои ги предложија учесниците од форумските сесии.

До третата форумска сесија овие предлог концепти ќе се доработуваат и подобруваат во соработка со работните групи, а за време на третиот форум ќе се приоретизираат проекти за финансирање од грантот обезбеден од Швајцарската Агенција за развој и Министерството за локална самоуправа, кој изнесува вкупно 125.559,00 швајцарски франци.

Со цел успешно спроведување на партиципативниот процес за избор на приоритетни проекти од областа на социјалната инклузија во регионот, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе организира уште една форумска сесија која ќе се одржи на 13.03.2020 година.

Преку проектот кој ќе биде избран од страна на донаторите за имплементација, се очекува да се подобрат условите за социјалната инклузивност во Југоисточниот регион.

Центарот за развој на ЈИПР започна со регионални форумски сесии за избор на приоритетни проекти во областа на социјалната инклузија

Во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка, Центарот започна со реализација на вториот циклус на регионални форумски сесии во рамки на отворената Грантова шема за инвестициски проекти на планските региони во областа на социјалната инклузија за 2020 година.

Средствата од Грантовата шема ќе бидат доделени врз основа на степенот на неразвиеност на регионите. Максималниот износ на средствата кои може да ги добие Југоисточниот регион, како втор по развиеност, изнесува вкупно 125.559,00 швајцарски франци.

Во рамките на Грантовата шема, Центарот ќе организира четири форумски сесии за време на кои ќе се дискутира за проблеми кои  го засегаат регионот и ќе се нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти во областа на социјалната инклузија.

На првиот регионален форум кој беше одржан на 31.01.2020 година во хотел Сириус во Струмица, претставници од општините, месни заедници, Црвен крст, НВО, Центри за социјална работа, бизнис сектор и други засегнати страни на партиципативен начин идентификуваа проблеми во областа на социјалната инклузија, а потоа предложуваа решенија кои би можеле да бидат развиени во проектни концепти.

Предложените решенија ќе бидат подготвени во предлог проекти и ќе бидат презентирани од страна на работните групи за време на втората форумска сесија која ќе се одржи на 07.02.2020 година во хотел Сириус, Струмица.