Skip to content

Одржана дваесет и втората (XXII) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

ДАТУМ

декември 7, 2020

Категории

,

На 07.12.2020 година, се одржа дваесет и втората (XXII) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, он-лајн преку виртуелната платформа Zoom, поради настанатата вонредна состојба на светско ниво COVID 19.

На Седницата присуствуваа Градоначалниците од општините во состав на Југоисточниот плански регион, како и експертот Г-н Тихомир Петрески задолжен за изработка на студија на исплатливост за секој од избраните концепт решенија.

Клучна точка на оваа Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион беше презентација на предложените концепт решенија, четврти чекор од концептот за регионални форуми на заедницата, алатка за идентификација, приоретизирање и подготовка на проекти за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, преку Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

Предложените концепт решенија беа претходно идентификувани, врз основа на избраните приоритетни области и подобласти од спроведената прва форумска сесија, што беше спроведена преку он-лајн прашалник. Понатаму со ангажираниот надворешен експерт, Тихомир Петрески, беа спроведени неколку состаноци со градоначалниците и претставници од општините од Југоисточниот регион врз основа на кои беа идентификувани пет концепт решенија како одговор на идентификуваните проблеми и тоа:

Концепт 1 – Збогатување на туристичката понуда во Југоисточниот плански регион.
Концепт 2 – Изградба на Локален пат на релација Колешино – Бориево (трета фаза).
Концепт 3 – Изградба на Локален пат на релација с.Погулево – с.Дамјан.
Концепт 4 – Изградба на пристапен пат до регионалниот стационар за бездомни кучиња.
Концепт 5 – Изградба на Локален патен правец Л603 за поврзување на патниот правец – Стојаково – Ѓавато со крстосницата со регионалниот пат Р1109.

Советот за развој на Југоисточниот плански регион одлучи сите пет да преминат во следната фаза т.е во фазата на приоритизација која ќе се спроведе по пат на електронски прашалник, како втора форумска сесија преку која населението од регионот ќе има можност да дава забелешки и препораки за нивно подобрување, за на крај Советот за развој на Југоисточниот плански регион ја утврди годишната приоритетна листа на предлог-проекти за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година.

Целиот процес на идентификација на предлог-проектите за финансирање преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година се спроведува во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, проект на Швајцарската агенција за развој и Министерството за локална самоуправа.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy