На 30.11.2021 година (вторник), во општина Гевгелија, се одржa втората Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.
На Седницата присуствуваа Градоначалниците од општините во состав на Југоисточниот плански регион и директорката на Центарот за развој на Југоисточниот регион, Г-ѓа Жулиета Ѓуркова.
На одржаната седница Г-ѓа Ѓуркова пред присутните ги презентираше сите превземени чекори и активности кои се досега направени во соработка со општините во рамки на проектите „Изградба на две прифатилишта за бездомни животни 1-ва и 2-ра фаза“. По исцрпната дискусија сите Градоначалници се согласија се согласија секој во својата општина заедно со апштинската администрација, населението и советниците да го продискутираат понатамошното функционирање на изградениот стационар па потоа секоја општина да ги даде заклучоците на следната седница на Советот за развој на ЈИПР.
Г-ѓа Ѓуркова исто така ги презентираше сите превземени чекори и активности за изградбата на регионалната депонија за Југоисточниот плански регион, односно воведувањето на регионалното интегрирано управување со комуналниот цврст отпад во Југоисточниот плански регион.
На оваа седница беше донесена и одлука за примопредавање на објект (пат) изграден во рамките на проектот „Изградба на локалниот пат с. Зубово спој со пат с.Ново Село – с.Мокриево“.
No comment yet, add your voice below!