Skip to content

Покана за состанок до здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на ЈИПР

ДАТУМ

декември 25, 2021

Категории

До

Младинско здружение Феникс, Ново Село

Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Гевгелија

Локална Акциона Група Беласица – Огражден, Босилово

Здружение Рурален Центар Огражден, Босилово

Здружение Здрава Котлина, Струмица

 

Врз основа на член 21 став 13, 14 и 15 од Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РСМ“ број 24/21 и 174/21 ) и член 6 од Одлуката за распишување на јавен повик за избор на член во Советот за развој на Југоисточниот плански регион – претставник од здруженијата бр. 08-404/1 од 23.11.2021 годинаПретседателот на Комисијата за спроведување на јавниот повик за избор на член во Советот за развој на Југоисточниот плански регион – претставник од здруженијата, упатува: 

Покана за состанок

до здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик за избор на член во

Советот за развој на Југоисточниот плански регион – претставник од здруженијата

 

Почитувани,

Како апликанти по Јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Југоисточниот плански регион, Ве покануваме на состанок на ден 29.12.2021 година (среда) во почеток во 12:00 часот, во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на адреса Бул. Маршал Тито бр.1-1, 2400 Струмица.

На состанокот може да учествуваат сите здруженија кои доставиле Пријава по Јавниот повик, а може да одлучуваат само здруженијата кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик и тоа преку овластените лица на здруженијата или лица ополномоштени од нив кои се должни да достават:

  • полномошно за учество на состанокот за здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик, но не ги исполнуваат критериумите назначени во повикот во оригинал со печат и своерачен потпис од овластеното лице или
  • полномошно за учество и одлучување за здруженијата кои се пријавиле и кои ги исполнуваат условите од Јавниот повик во оригинал со печат и своерачен потпис од овластеното лице.

На состанокот, пријавените кандидати кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик, со мнозинство гласови одлучуваат кој од нив ќе ги претставува во Советот за развој на Југоисточниот плански регион, како член – претставник од здруженијата, без право на глас, со мандат од 4 (четири) години.

Здруженија кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик се:

  1. Младинско здружение Феникс, Ново Село
  2. Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Гевгелија
  3. Локална Акциона Група Беласица – Огражден, Босилово

 

Со почит,

25.12.2021 година

                                                                                                                                                Комисија за спроведување на Јавниот повик за

                                                                                                                                             избор на член во Советот за развој на Југоисточниот

                                                                                                                                                 плански регион –  претставник од здруженијата

                                                                                                                                                                                 Претседател,

                                                                                                                                                                                 Никола Годев

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy