Skip to content

Формиран Совет за социјална заштита на Југоисточниот плански регион

ДАТУМ

декември 28, 2021

Категории

,

На 24.12.2021 година во просториите на општина Валандово се одржа Конститутивна Седница и се формираше Советот за социјална заштита на Југоисточниот плански регион каде членови се градоначалниците на сите десет општини на Југоисточниот плански регион и директорите на сите Центри за социјална работа во регионот, а Центарот за развој на Југоисточниот плански регион има улога на административно тело.

За претседател на Советот едногласно беше избран градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов со мандат од една година.

На Седницата беше усвоен Деловникот за работа со кој се уредува начинот на работа на Советот за социјална заштита како и Предлогот за потребата од развивање на социјални услуги во Југоисточниот планскиот регион, видот и начинот на воспоставување на услугите кој Преглед во иднина ќе овозможи да се искористат капацитетите на Центарот за развој и да се аплицира за проекти од областа на социјалната заштита.

Г- нот Јован Манасиевски, експерт од областа на социјалната заштита имаше свое воведно обраќање пред присутните пред кои го нагласи значењето на конституирањето на овој Совет и истакна дека со тоа се прави чекор кон децентрализација на социјалната заштита. Исто така се задржа и ги потенцираше потребите на Југоисточниот регион од областа на социјалната заштита, како што е потребата не само од градење на старечки домови, туку и развивање на мерката помош и нега во домот со што би биле опфатени поголем број на лица на кои им е потребна оваа грижа.

Од големо значење е и потребата од мапирање на социјалните ризици и формирање на Совети за социјална заштита во секоја општина, со цел донесување на Годишни планови за социјална заштита. Со овие планови ќе се дефинираат потребите и општините ќе можат да аплицираат за добивање на грантови, како и користење на европските фондови.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy