Со потпишувањето на Договорот на 17.01.2022 година, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион започна со имплементација на проектот „Деловен екосистем како интегриран систем – Би Ин“, финансиран од Европска Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Р.С.Македонија.
Проектот има за цел да им помогне на поединците да ги развијат своите вештини, а на деловните субјекти да го зголемат својот капацитет преку создавање на кохерентен, интегриран и иновативен деловен екосистем кој овозможува вмрежување и зајакнување на идеите со цел да се намали јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот во прекуграничниот регион.
Со проектот се предвидуваат меѓусекторски и квалитетни анкети пропратени со длабински интервјуа, кои ќе дадат една поширока слика за работната сила и трендовите во претприемништвото, а ќе откријат важни слабости. Планира и поддршка, помош во работењето и поттикнување на нови идеи на постојните мали и средни претпријатија, преку развивање на пакет со алатки со цел зајакнување на сегашните оперативни капацитети.
За младите претприемачи од Југоисточниот плански регион планирано е да се организира седумдневен камп преку кој истите ќе можат ги развијат своите вештини за пишување на бизнис план, да се стекнат со нови знаења од областа на иновациите и претприемништвото, но и да се дружат и мотивираат за преземање на конкретни акции.
3Д опремата која ќе се набави, ќе биде презентирана на пошироката јавност и таргет групите преку одржување на шест отворени денови на кои присутните ќе имаат можност одблиску да се запознаат со ваквиот тип на опрема и со предностите кои таа ги нуди.
Ова се само дел од активностите што ќе се имплементираат во рамките на проектот со буџет од 152.482,50 евра наменет за Центарот за развој на ЈИПР.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 910.144,71 евро, а активностите ќе се имплементираат во наредните 18 месеци.
No comment yet, add your voice below!