На 21.06.2022 година во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамки на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ Регионалната Канцеларија за социјално претприемништво од Југоисточниот плански регион, организираше работилница за кластери. На оваа работилница присуствуваа земјоделци од Југоисточниот регион, кои се занимаваат со одгледување на раноградинарски производи и овошје, како и органско производство.
Целта на работилницата беше да се запознаат учесниците со бенефитите од здружување на земјоделците во кластери и нивно организирање, како и вмрежување со институции за остварување на нивните цели.
Работилницата за кластери ја водеше Невин Баран реномиран тренер од Турција која имa помогнато на над 300 мали и средни претпријатија, 9 веќе постоечки кластери и бројни новоформирани не само во Турција, туку и во Кипар, Романија, Бугарија, Македонија, Косово, Грузија и Монголија и во најмалку развиените региони.
No comment yet, add your voice below!