Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 12 и 13 Јули 2022 година, во периодот помеѓу 09 – 16 часот ќе се изврши теристичка (по земја) апликација на средство за уништување на ларви од комарци и тоа со следниот распоред:
- На 12.07.2022 (Вторник), во општините Валандово, Дојран, Гевгелија, Богданци, Радовиш и Конче;
- На 13.07.2022 (Среда), во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.
Ова е прва ларвицидна дезинсекција од предвидените две кои се планираат да се спроведат на подрачјето на Југоисточниот плански регион. Со еден третман ќе биде опфатена површина од 82 хектари.
No comment yet, add your voice below!