Градежните активности по проектот „Изградба на пристапен пат до регионалниот стационар за бездомни кучиња“ се финализираа со што од неодамна патот кој води до прифатилиштето за бездомни животни во општина Струмица е целосно функционален и истиот е пуштен во употреба.
Овој пат е од големо значење за oпштина Струмица, но и за целиот регион. Како Центар особено сме горди на овој проект затоа што и самиот стационар е изграден преку проект кој го имплементираше Центарот за развој на ЈИПР при што се овозможи oпштина Струмица да се здобие со стационар согласно сите стандарди, кој понатаму ќе биде во функција и на останатите општини од регионот. На овој начин прифатилиштето непречено ќе ја извршува работата за која е наменет. Со пуштањето во работа на стационарот бездомните кучиња добиваат можност за хумано и топло згрижување, а во исто време ќе се реши долгогодишниот проблем кој ги измачува жителите на оваа општина.
Со проектот освен пристапниот пат во должина од 561 метри до прифатилиштето, на влезниот дел од прифатилиштето се уреди паркинг простор, зелената површина, се уреди партерно и хортикултурно, а исто така беа поставени клупи за седење, канти за отпадоци и беа засадени зимзелени дрвја.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 4.261.600,00 денари, а е финансиран од Бирото за рамномерен регионален развој и општина Струмица.
No comment yet, add your voice below!