На 27.07.2022 година, ВД Директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Г-н Јован Коцев заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Г-н Љупчо Николовски потпишаа Договор со кој се доделува финансиска поддршка на Југоисточниот плански регион со цел имплементација на проекти за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачјата на интензивна земјоделска дејност утврдени со Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година.
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со доделените средства од 2.716.743,00 денари, ќе овозможи санација на полски патишта во следните две општини:
- Санација на полски пат место викано Бозелот во должина од 730 метри во општина Богданци;
- Санација на полски пат од населба Софилар кон с. Ангелци м.в Кумиште во должина од 1850 метри
Влијанието на овој проект е од голема важност за регионалниот развој, бидејќи изградбата и реконструкцијата на полските патишта за подобрување на пристапот до обработливи површини претставува основа врз која се развиваат низа фактори кои се од регионално значење за Југоисточниот плански регион. Со ревитализацијата на ваквите патишта ќе се олесни пристапот на земјоделците до нивните обработливи површини, ќе се олесни транспортот на земјоделските производи до откупните центри и ќе се намалат трошоците за транспорт.
No comment yet, add your voice below!