Skip to content

ЦРЈИПР со уште еден нов проект за рано откривање на пожарите и подобрување на капацитетите на противпожарните единиците во Југоистокот

ДАТУМ

август 8, 2022

Категории

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во рамките на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“ на 29ти Јули 2022 година, во Хотел Сириус, Струмица одржа прес конференција на која присуствуваа претставници од противпожарните единици ТТПЕ од Струмица и Гевгелија,  Центарот за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Црвен Крст Струмица и медиуми од регионот.

На прес конференцијата беа презентирани активностите и очекуваните резултати со цел подетално запознавање на јавноста со целта на проектот кој го имплементира Центарот за развој на ЈИПР во партнерство со Регионот на Централна Македонија, Грција и Центар за управување со кризи, Република Северна Македонија во рамки на Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Р. Северна Македонија.

Проектните активности вклучуваат развој и оперативна евалуација на ИКТ системи за рано откривање пожари, прекугранична мрежа на соработка за ефикасно спречување и управување со природни катастрофи, систем за откривање чад во реално време, кој ќе понуди зголемена точност за локализација на пожарот, минимизирање на лажни аларми и следење на големи површини во 24/ 7 операција на избрани области со висок ризик.

„Во рамки на проектот исто така ќе се набават и две специјализирани возила за територијалните противпожарни единици во Струмица и Гевгелија. Мал камион за спасување за употреба на Територијалната противпожарна единица – Гевгелија кој ќе се користи и за општина Гевгелија, општина Богданци и општина Дојран. Пикап за прв одговор за употреба на Територијалната противпожарна единица Струмица кој ќе се користи и за општина Василево и општина Босилово, општина Ново Село“ – изјави Г-а Жулиета Ѓуркова, Раководител на сектор во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

„За нас пожарникарите ќе биде од големо значење за гасење на пожари на отворен простор, особено за непристапни места зафатени од шумски пожари.“- истакна Г-н Александар Гудев – Командир на ТППЕ Струмица.

Овој проект е од голема значајност бидејќи ќе биде од корист за потребите на целиот регион секогаш кога има поголем пожар во шумите многупати се зафатени најмалку две општини од регионот и ваквата набавка на специјализирани возила ќе ги олесни интервенциите на терен, а воедно ќе ја зголеми и ефикасноста на сите четири територијални противпожарни единици.

Проектот е финансиран од Европската Унија со вкупна вредност од 1,392,073.50 € од кои буџетот на ЦРЈИПР е 267,939.50 €.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy