Skip to content

ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН РЕГИОН

ДАТУМ

декември 15, 2022

Категории

Директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го потпиша Договорот за реализација на инвестицискиот проект со дигитална компонента од Грантовата шема на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”- 2 фаза, финансиски поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Амбасада во вкупна вредност од 22.899.786,00 денари.

Во рамки на овој проектот предвидена е изградба на систем од фотонапонски централи на кровови на два јавни објекти ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и СРЦ „25ти МАЈ“ во о. Радовиш со капацитет од 430 kw и софтверски дигитален систем кој ќе овозможи навремен директен увид во тековната состојба, од кои бенефит ќе имаат три општини од Југоисточниот регион и тоа: о. Радовиш, о. Конче и о. Василево.
Преку дигиталната компонента проектот ќе таргетира нови софтверски решенија во делот на искористување и производство на електрична енергија од алтернативни извори на енергија и заштита на животната средина, како и ефикасно следење и пренасочување на произведената енергија таму каде што во определен момент е потребна.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy