Skip to content

НОВИ 55 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПРОЕКТИ ВО ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН!!!

ДАТУМ

декември 2, 2022

Категории

Директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев, потпиша Договори за реализација на два нови проекти со Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 со индикативно планирани средства за 2023 година.

Во текот на изминатиот период ЦРЈИПР ги потпиша и Договорите за партнерство со општините кои се дел од овие проекти. Вкупниот износ на средства обезбедени од Бирото за регионален развој изнесува 45.193.538,00 денари, а општините партнери ќе учествуваат со сопствено учество од вкупно 10.215.350,00 денари, во проектите:

  1. „Туризмот – иднината на регионот“ за кој се предвидени вкупно 35.153.979,00 денари, во кој како партнери се јавуваат вкупно шест општини во кои ќе бидат преземени активности кои ќе придонесат за збогатување на туристичката понуда во регионот  и
  2. „Културното богатство – наследство за идните генерации“ за кој се предвидени вкупно 20.254.909,00 денари, во кој како партнери се јавуваат три општини во кои ќе бидат преземени активности за реконструкција на постоечките културни домови во овие општини.

Во рамките на проектот „Туризмот – иднината на регионот“ како партнери се јавуваат следните општини:

-општина Босилово – изградба на спортско рекреативна трим патека покрај брегот на реката Струмица со поставување на урбана опрема во должина од 1050 м, со вредност од 7.573.181 денари;

-општина Ново Село – реконструкција на постоечките патеки до Колешинските водопади и изградба на нова патека до Мокринските извори наменета за лица со посебни потреби, со вредност од 4.683.363 денари;

-општина Дојран – одбележување и проширување на велосипедска патека, поставување на смарт табли и набавка на 20 електрични велосипеди, со вредност од 6.657.840 денари;

-општина Василево – изградба на патна инфраструктура до црквата „Св.Илија“ во с.Радичево во должина од 327 м, со вредност од 2.594.653 денари;

-општина Валандово – одбележување на пешачка и велосипедска патека и поставување на урбана опрема и осветлување долж локалниот пат кој води до с.Пирава, со вредност од 3.612.924 денари;

-општина Радовиш – изградба на обиколница во должина од 905,66 м, кој ќе ги поврзува сите патни правци со планината Плачковица, во вредност од 10.032.018 денари.

Како партнери во проектот „Културното богатство – наследство за идните генерации“ се јавуваат следните проекти:

-општина Гевгелија – реконструкција на Домот на културата во с.Моин, со вредност од 13.551.139 денари;

-општина Конче – реконструкција на Домот на културата во с.Лубница, со вредност од 5.064.584 денари;

-општина Радовиш – реконструкција на Домот на културата „Ацо Караманов“, со вредност од 1.639.181 денари.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy