Skip to content

ЦРЈИПР СПРОВЕДЕ АКЦИЈА – „ПОДАРИ НАСМЕВКА“

ДАТУМ

декември 31, 2022

Категории

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со поддршка на општествено одговорните компании од регионот ја спроведе акцијата под слоганот „ПОДАРИ НАСМЕВКА“ во детските градинки од руралните средини и во дневните центри за лица со попреченост во Југоисточниот плански регион.

– ЈОУДГ „12 јули“ – Конче и клоновите во Горни Липовиќ и Долни Липовиќ;
– ЈОУДГ „ Ацо Караманов“ во населените места Злеово; Покрајчево; Јаргулица; Подареш; Ораовица; Ињево; Воиславци; Калуѓерица и клонот во Шеин Маале во Радовиш;
– ЈОУДГ “Прва радост“ Василево;
– ЈОУДГ „Сонце“ и Посебното Основно Училиште „Св. Климент Охридски“ во Ново Село;
– Детска градинка „Малото Славејче“ Моноспитово, Босилово;
– ЈОУДГ „Кокиче“ Нов Дојран;
– ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“ Богданци и во клонот во Стојаково каде пакетчињата ќе бидат поделени за верскиот празник Божиќ;
– ЈОУДГ „Детска радост“ во населените места Куклиш и Муртино;
– ЈОУДГ „Калинка“ во населените места Удово, Пирава, Брајковци и ДГ „Детелинка“ во Јосифово, како и во
– Дневните Центри во Радовиш, Валандово, Гевгелија и Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „ВЕРА“.
Изминатите денови вработените од ЦРЈИПР подарија повеќе од 800 детски насмевки во нашиот регион.
Изразуваме посебна Благодарност до компаниите Портланд-опц, Жикол, Џови Компани, Риверсофт, Бони Интерградба, Дикор ЦД, Универзал Градба, Евроградба, Графо Сервис, Пешо Инженеринг и ТА Атлантис, кои несебично помогнаа во реализирањето на оваа хумана акција.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy