Skip to content

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на координатор за имплементација на проекти

ДАТУМ

јануари 20, 2023

Категории

Врз основа на член 7 од Одлуката за основање на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и членовите 22 и 23 од Законот за работни односи (Пречистен текст Сл. Весник на РМ бр. 167/15, 27/16, 120/18 и 110/19), а согласно Правилникот за систематизација на работните места во стручната служба на Центарот за развој на ЈИПР, Директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување

Центарот за развој на Југосточниот плански регион има потреба од вработување на еден извршител на неопределено работно време на следното работно место:

  1. Координатор за имплементација на проекти

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови за вработување според Законот за работни односи и следните посебни услови:

  • Завршено образование минимум VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС;
  • Работно искуство најмалку три години од кои најмалку една година со управување со развојни проекти во областа на локалниот и регионалниот развој;
  • Активно познавање на англиски јазик (С1 или С2 согласно CEFR).

Кандидатите треба да приложат:

  • Кратка биографија;
  • Мотивационо писмо;
  • Документи за исполнување на општите услови согласно Законот за работни односи;
  • Диплома за завршено образование;
  • Доказ за работно искуство и
  • Доказ за познавање англиски јазик.

Огласот е отворен 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето, вклучувајќи го и денот на објавувањето.

Работодавачот ќе изврши избор на кандидат во рок од 15 работни денови по истекот на рокот за пријавување.

Основна нето плата: 33.052,00 денари, работни часови неделно: 40 часа. Работно време од 08:00 до 16:00 часот. Работни денови: од понеделник до петок.

Потребните документи за вработување да се достават на адреса:

Центар за развој на Југоисточниот плански регион

Бул. Маршал Тито бр.1-1,

2400 Струмица

со назнака: ЗА ЈАВЕН ОГЛАС

 

                                                                                                           Центар за развој на                      

                                                                                     Југоисточниот плански регион

                                                                              Директор

                                                                              Ѓоко Камчев

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy