На 07.12.2023 во Солун, Грција, се одржа Завршната Конференција по проектот “Рано Откривање на пожарите и нивно движење за первенција и справување со катастрофи (eFIDAR)”, финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Р.С. Македонија. Организатор на настанот беше Регионот на Западна Македонија, водечкиот партнер во проектот.
Целта на конференцијата беше да се презентираат резултатите и искуствата што ги стекнаа пароектните партнери и засегнати страни во текот на имплементацијата на проектот, обединети со желбата да го споделат своето искуство и придонесат кон подобрување на системот за спасување и предупредување од пожари и катастрофи.
Проектните партнери имаа можност да ги споделат најдобрите практики и иновации, креирајќи простор за дискусии и размена на искуства. Секој проектен партнер вклучувајќи го Центарот за развој на ЈИПР имаше прилика да го изнесе своето искуство и резултатите од успешното спроведување на проектот, со фокус дека новите технологии и обуки влијаат на нивните оперативни капацитети и како вршат позитивен ефект на заштитата и безбедноста на граѓаните.
Во завршниот дел на конференцијата, партнерите разговараа за идната соработка и продолжувањето на активностите што ќе имаат влијание на безбедноста во регионот, ја истакнаа потребата за досегашните и идни напори и инвестиции што ќе доведат до подобрување на капацитетите за спасување и справување со катастрофи. Споделувањето на искуства и знаења создаде трајна основа за подобрување на способностите и превенцијата во пркуграничниот регион.
По завршувањето на Конференцијата Директорот на Центарот за рзвој на ЈИПР на партнерите од Регионот од Западна Македонија им врачи плакета за долгогодишната соработка и за особен придонес за развој на регионот по повод 15 години постоење од Центарот за развој на ЈИПР.
No comment yet, add your voice below!