На 6 март 2026 година во Солун Грција, се одржа почетниот состанок на проектот FIREDEFEND – Fire Detection and Enhanced Fire Emergency Network for Waste Disposal, со кој официјално започна имплементацијата на проектните активности.
Во рамки на состанокот, партнерите ги претставија своите организации и проектни тимови како и планираните активности и работни пакети. Беа разгледани клучните аспекти на управувањето со проектот, финансиските и административните правила, комуникациските обврски, како и следните чекори за успешна реализација на проектот.
Проектот има за цел подобрување на системите за рана детекција на пожари на депонии и зајакнување на капацитетите за превенција и управување со ризици, преку инсталирање пилот системи за рано откривање на пожари и размена на искуства и добри практики помеѓу партнерите од Грција и Северна Македонија.
Во рамки на настанот беше организирана и студиска посета на Еколошкиот Парк Терми-Панорама, кој претставува успешен пример за трансформација на поранешна неконтролирана депонија во современ еколошки парк.
Изразуваме искрена благодарност до нашите Водечки Партнери – FoDSA (Regional Association of Solid Waste Management Agencies in Central Macedonia) за одличната организација и гостопримството.
Проектот FIREDEFEND се имплементира во рамките на Interreg VI-A IPA Programme Greece – North Macedonia 2021–2027, кофинансиран од Европска Унија и националните фондови на земјите учеснички.
#FIREDEFEND #Interreg #CrossBorderCooperation #Environment #FirePrevention




No comment yet, add your voice below!