Во рамки на проектот FIREDEFEND – „Fire Detection and Enhanced Fire Emergency Network for Waste Disposal“, проектните партнери реализираа техничка теренска посета на предложената пилот локација во Општина Босилово, каде е предвидено поставување на современ систем за рана детекција и мониторинг на пожари.
Во рамки на посетата, партнерите беа пречекани од градоначалникот на Општина Босилово, г. Ристо Манчев, кој ја истакна важноста на проектот за унапредување на превенцијата и навременото справување со ризиците од пожари на локално ниво, како и значењето на соработката меѓу локалните институции и проектните партнери.
Теренската посета овозможи непосреден увид во потенцијалната локација за поставување на системот, разгледување на техничките и теренските услови и заедничка дискусија за следните чекори во реализацијата на пилот активноста.
На посетата учествуваа претставници од Регионалната асоцијација на агенции за управување со цврст отпад на Централна Македонија (FODSA), Грција, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, претставници од Општина Босилово, како и технички експерти.
Преку заедничка теренска проценка, размена на искуства и прекугранична соработка, FIREDEFEND продолжува кон воспоставување поефикасни механизми за рана детекција, превенција и навремена реакција при пожари во прекуграничниот регион. 


Проектот FIREDEFEND е кофинансиран од Европската Унија преку Програмата Interreg VI-A IPA Грција – Северна Македонија 2021–2027.

No comment yet, add your voice below!