Skip to content

FIREDEFEND | Заеднички чекори за успешна реализација

ДАТУМ

септември 23, 2026

Категории

На 22 септември 2026 година продолжија активностите во рамки на проектот FIREDEFEND – „Fire Detection and Enhanced Fire Emergency Network for Waste Disposal“, со одржување на вториот работен состанок на проектните партнери, во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион (ЦРЈИПР) посветен на размена на знаења, искуства и добри практики, вториот ден беше насочен кон конкретната имплементација на проектот, координацијата меѓу партнерите и дефинирањето на следните заеднички чекори.

Посебен акцент беше ставен на пилот активностите и воспоставувањето современ систем со термални камери за рана детекција и мониторинг на пожари. Во рамки на прекуграничниот систем, од грчка страна е предвидено поставување на термални камери на локации во Јаница, Килкис и Едеса, додека во Југоисточниот плански регион системот ќе биде воспоставен на територијата на Општина Босилово. На овој начин, FIREDEFEND ќе придонесе кон подобро следење на ризичните подрачја, навремено откривање на потенцијални пожари и побрза реакција на надлежните служби од двете страни на границата.

Од планирање и размена на знаење – кон конкретни активности и решенија на терен. Токму преку заедничката работа на партнерите од Македонија и Грција, FIREDEFEND го претвора прекуграничното партнерство во практични активности за подобра превенција од пожари, управување со ризиците и заштита на животната средина. 🔥🌿🇬🇷🇲🇰

🇪🇺 Проектот FIREDEFEND е кофинансиран од Европската Унија преку Interreg VI-A IPA Програмата за прекугранична соработка Грција – Северна Македонија 2021–2027.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy