Станете дел од прекуграничната мрежа за превенција и одговор на природни и еколошки опасности

На завршната конференција одржана од Асоцијацијата на југозападни општини за проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“, имплементиран со поддршка на програмата за соработка Interreg IPА CBC Бугарија – С. Македонија 2014-2020 година, беше потпишан МЕМОРАНДУМ за создавање на прекугранична партнерска мрежа за координација и соодветен одговор на природните и еколошките опасности, со посебен акцент и фокус на шумските пожари.

Мрежата обединува заедница на институции, организации, експерти и индивидуалци од  Република С.Македонија и Република Бугарија кои работат на полето на превенција, подготвеност и брз одговор при природни катастрофи и пожари.

Членовите на мрежата ќе работат на остварување на следните цели:

  • Примање и споделување на информации поврзани со природни катастрофи и пожари
  • Размена на искуство, добри практики и знаење
  • Заедничка обука помеѓу членовите
  • Помош и поддршка при управување со природни катастрофи и пожари
  • Поддршка во опрема (донација и користење)
  • Обезбедување на поддршка и помош за развој на волонтерските друштва
  • Едукација на младите
  • Подигнување на јавната свест кај населението
  • Спроведување на заеднички кампањи и вежби
  • Поддршка во комуникација со регионалните и националните служби за заштита, спасување и управување со кризи
  • Заедничка апликација и реализација на проекти кои се однесуваат на иновации, подобрувања, обуки и други позитивни ефекти во заедничката кауза.

За да станете член на оваа мрежа, потребно е да пополните ПРИСТАПНИЦА за членство и истата да ја испратите на cbc.forest.fire@gmail.com.

Со пополнување и потпишување на пристапницата членовите ги прифаќат начелата и принципите утврдени во Меморандумот за соработка и сакат да учествуват во сите активности на мрежата.

Меморандумот и Пристапницата за пополнување се достапни на следните линкови:

Меморандум за соработка

Пристапница (физички лица)

Пристапница (правни лица)

ОДРЖАНА XV (ПЕТНАСЕТТАТА) СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈИПР

На 03.02.2023 година со почеток во 11:00 часот беше одржана XV (петнаесетата) седница на Советот за развој на ЈИПР. Оваа седница беше одржана online.

На седницата точка на дневен ред беше донесување на Одлука за взаемна активност на општините за вршење на дезинсекција на комарци на територијата на Југоисточниот плански регион за 2023 година. Се донесе заклучок во зададен рок да се распише јавна набвака за прибирање на понуди.

 

Прекуграничната соработка во справување со шумски пожари отвора нови перспективи за регионот

Точно пред две години започнавме со имплементација на проектот и пред нас си поставивме неколку цели.

Главна цел беше да ја подобриме функционалноста на противпожарните единици во регионот кои ќе настапат на терен при гаснење на шумски пожари опремени со комплетна опрема. Нашиот амбициозен план со високо зацртани цели го остваривме, но и постигнавме многу поголем успех во реализацијата на проектот.

Имплементацијата на проектот за „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. С.Македонија 2014-2020 ќе заврши за помалку од еден месец, но постигнатите резултати во регионот ќе бидат видливи и ќе овозможат ефикасно справување со елементарни непогоди на подолг рок.

Најзначајните постигнати цели од овој проект се 112 комплетно опремените пожарникари од нашиот регион, шестте специјализирани обуки со сертифицирани обучувачи за пожарникарите, кампањата за подигање на јавната свест за намалување на шумските пожари и промовирањето на волонтерството во противпожарната служба.

Најголемата придобивка од овој проект е потпишаниот Меморандум за соработка и создавање на прекугранична мрежа за превенција и одговор на природни и еколошки опасности, помеѓу институции и организации од Југоисточниот плански регион во Република С. Македонија и членките – општини на Асоцијација на Југозападни Општини од Република Бугарија, кој ветува многу продуктивна и навремена комуникација помеѓу институциите – членки на Меморандумот на двете држави чијашто визија е прекугранична мрежа за превенција и справување со природни и еколошки опасности во која се вклучени професионалци и експерти од институции, организации и поединци кои во заедничка координација ќе се справуваат со природните и еколошките опасности во прекуграничниот регион.

 

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на координатор за имплементација на проекти

Врз основа на член 7 од Одлуката за основање на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и членовите 22 и 23 од Законот за работни односи (Пречистен текст Сл. Весник на РМ бр. 167/15, 27/16, 120/18 и 110/19), а согласно Правилникот за систематизација на работните места во стручната служба на Центарот за развој на ЈИПР, Директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион објавува:

Continue reading

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на хигиеничар

Врз основа на член 7 од Одлуката за основање на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и членовите 22 и 23 од Законот за работни односи (Пречистен текст Сл. Весник на РМ бр. 167/15, 27/16, 120/18 и 110/19), а согласно Правилникот за систематизација на работните места во стручната служба на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион објавува:Continue reading

Одржан четвртиот состанок на тимот на проектот за „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“

Во рамки на проектот “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Р. С. Македонија на ден 13.01.2023 година, во хотел „Сириус“ Струмица – Република С. Македонија, се одржа четвртиот состанок на проектниот тим.

На состанокот на тимот се дискутираше за имплементираните активности во рамки на проектот, успешно спроведените специјализирани обуки и доделени сертификати на учесниците, како и план и програма за реализација на претстојната завршна конференција во спроведувањето на последната активност од проектот.

Тимот разговараше за финални детали и содржина на Меморандумот за создавање на прекугранична мрежа за превенција и одговор на природни и еколошки опасности, чиешто потпишување ќе биде реализирано на завршната конференција на проектот помеѓу двете страни – Центарот за развој на ЈИПР – Струмица и Асоцијацијата на југозападни општини – Благоевград.

Проектот е ко-финансиран од Европска Унија и Националните Фондови на земјите учеснички преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија – Република Северна Македонија 2014-2020.

 

ЦРЈИПР СПРОВЕДЕ АКЦИЈА – „ПОДАРИ НАСМЕВКА“

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со поддршка на општествено одговорните компании од регионот ја спроведе акцијата под слоганот „ПОДАРИ НАСМЕВКА“ во детските градинки од руралните средини и во дневните центри за лица со попреченост во Југоисточниот плански регион.

Continue reading

ОДРЖАНА XIV (четиринаесетата) СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈИПР

На 28.12.2022 година во општина Радовиш беше одржана седницата на Советот за развој на ЈИПР на која беа присутни 13 учесници и надворешниот експерт Г-н Тихомир Петрески ги презентираше cost benefit анализите за концепт решенијата, а потоа членовите на Советот се договорија околку приоритизацијата на Предлог-Листата. На дневниот ред на Седницата беа усвоени и Акциониот план за 2023 година и Финансискиот извештај на Центарот.

ОДРЖАНА ГОДИШНА РАБОТИЛНИЦА

Дел од вработените во Центарот за развој на ЈИПР присуствуваа на годишната планирачка и евалуирачка работилница во Охрид во рамки на проектот ,,Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” II фаза.
На работилницата беа презентирани реализираните активности за 2022 година на сите осум Центри за развој на планските региони и Бизнис центрите, а воедно сите имаа можност да ги претстават своите вредности, производи и музика карактеристични за својот регион.
Она кое ќе го понесеме со себе од оваа тридневна работилница се размената на искуства, практики, планирани активности и научени лекции за уште подобра и поуспешна 2023 година.

ИЗГЛАСАНИ ПРИОРИТЕТНИТЕ ПРОЕКТИ ЗА 2023

На 20.12.2022 година се одржа втората форумска сесија од регионалниот форум во заедницата на која учесниците гласаа за рангирање на предлог концептите кои произлегоа од првата форумска сесија.

Continue reading