Прекуграничната соработка во справување со шумски пожари отвора нови перспективи за регионот

Точно пред две години започнавме со имплементација на проектот и пред нас си поставивме неколку цели.

Главна цел беше да ја подобриме функционалноста на противпожарните единици во регионот кои ќе настапат на терен при гаснење на шумски пожари опремени со комплетна опрема. Нашиот амбициозен план со високо зацртани цели го остваривме, но и постигнавме многу поголем успех во реализацијата на проектот.

Имплементацијата на проектот за „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. С.Македонија 2014-2020 ќе заврши за помалку од еден месец, но постигнатите резултати во регионот ќе бидат видливи и ќе овозможат ефикасно справување со елементарни непогоди на подолг рок.

Најзначајните постигнати цели од овој проект се 112 комплетно опремените пожарникари од нашиот регион, шестте специјализирани обуки со сертифицирани обучувачи за пожарникарите, кампањата за подигање на јавната свест за намалување на шумските пожари и промовирањето на волонтерството во противпожарната служба.

Најголемата придобивка од овој проект е потпишаниот Меморандум за соработка и создавање на прекугранична мрежа за превенција и одговор на природни и еколошки опасности, помеѓу институции и организации од Југоисточниот плански регион во Република С. Македонија и членките – општини на Асоцијација на Југозападни Општини од Република Бугарија, кој ветува многу продуктивна и навремена комуникација помеѓу институциите – членки на Меморандумот на двете држави чијашто визија е прекугранична мрежа за превенција и справување со природни и еколошки опасности во која се вклучени професионалци и експерти од институции, организации и поединци кои во заедничка координација ќе се справуваат со природните и еколошките опасности во прекуграничниот регион.

 

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на координатор за имплементација на проекти

Врз основа на член 7 од Одлуката за основање на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и членовите 22 и 23 од Законот за работни односи (Пречистен текст Сл. Весник на РМ бр. 167/15, 27/16, 120/18 и 110/19), а согласно Правилникот за систематизација на работните места во стручната служба на Центарот за развој на ЈИПР, Директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион објавува:

Continue reading

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на хигиеничар

Врз основа на член 7 од Одлуката за основање на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и членовите 22 и 23 од Законот за работни односи (Пречистен текст Сл. Весник на РМ бр. 167/15, 27/16, 120/18 и 110/19), а согласно Правилникот за систематизација на работните места во стручната служба на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион објавува:Continue reading

Одржан четвртиот состанок на тимот на проектот за „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“

Во рамки на проектот “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Р. С. Македонија на ден 13.01.2023 година, во хотел „Сириус“ Струмица – Република С. Македонија, се одржа четвртиот состанок на проектниот тим.

На состанокот на тимот се дискутираше за имплементираните активности во рамки на проектот, успешно спроведените специјализирани обуки и доделени сертификати на учесниците, како и план и програма за реализација на претстојната завршна конференција во спроведувањето на последната активност од проектот.

Тимот разговараше за финални детали и содржина на Меморандумот за создавање на прекугранична мрежа за превенција и одговор на природни и еколошки опасности, чиешто потпишување ќе биде реализирано на завршната конференција на проектот помеѓу двете страни – Центарот за развој на ЈИПР – Струмица и Асоцијацијата на југозападни општини – Благоевград.

Проектот е ко-финансиран од Европска Унија и Националните Фондови на земјите учеснички преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија – Република Северна Македонија 2014-2020.