Врз основа на член 7 од Одлуката за основање на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и членовите 22 и 23 од Законот за работни односи (Пречистен текст Сл. Весник на РМ бр. 167/15, 27/16, 120/18 и 110/19), а согласно Правилникот за систематизација на работните места во стручната служба на Центарот за развој на ЈИПР, Директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување
Центарот за развој на Југосточниот плански регион има потреба од вработување на еден извршител на неопределено работно време на следното работно место:
- Координатор за имплементација на проекти
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови за вработување според Законот за работни односи и следните посебни услови:
- Завршено образование минимум VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС;
- Работно искуство најмалку три години од кои најмалку една година со управување со развојни проекти во областа на локалниот и регионалниот развој;
- Активно познавање на англиски јазик (С1 или С2 согласно CEFR).
Кандидатите треба да приложат:
- Кратка биографија;
- Мотивационо писмо;
- Документи за исполнување на општите услови согласно Законот за работни односи;
- Диплома за завршено образование;
- Доказ за работно искуство и
- Доказ за познавање англиски јазик.
Огласот е отворен 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето, вклучувајќи го и денот на објавувањето.
Работодавачот ќе изврши избор на кандидат во рок од 15 работни денови по истекот на рокот за пријавување.
Основна нето плата: 33.052,00 денари, работни часови неделно: 40 часа. Работно време од 08:00 до 16:00 часот. Работни денови: од понеделник до петок.
Потребните документи за вработување да се достават на адреса:
Центар за развој на Југоисточниот плански регион
Бул. Маршал Тито бр.1-1,
2400 Струмица
со назнака: ЗА ЈАВЕН ОГЛАС
Центар за развој на
Југоисточниот плански регион
Директор
Ѓоко Камчев
No comment yet, add your voice below!