Skip to content

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на хигиеничар

ДАТУМ

јануари 20, 2023

Категории

Врз основа на член 7 од Одлуката за основање на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и членовите 22 и 23 од Законот за работни односи (Пречистен текст Сл. Весник на РМ бр. 167/15, 27/16, 120/18 и 110/19), а согласно Правилникот за систематизација на работните места во стручната служба на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување

 

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион има потреба од вработување на еден извршител на половина работно време на следното работно место:

  1. Хигиеничар

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови за вработување според Законот за работни односи:

– да е државјанин на Република Северна Македонија,

– да е полнолетен,

– да има општа здравствена способност за работното место,

– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност, и

– активно да го користи македонскиот јазик;

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови за вработување според Законот за работни односи:

  • Завршено основно образование;
  • Со или без работно искуство.

Кандидатите треба да приложат:

  • Документи за исполнување на општите услови согласно Законот за работни односи;
  • Диплома за завршено основно образование.

Огласот е отворен 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето, вклучувајќи го и денот на објавувањето. Работодавачот ќе изврши избор на кандидат во рок од 15 работни денови по истекот на рокот за пријавување.

Основна нето плата: 9.837,00 денари. Работни часови неделно: 20 часа.

Работно време од 14:00 до 18:00 часот. Работни денови: од понеделник до петок.

Потребните документи за вработување да се достават на адреса:

Центар за развој на Југоисточниот плански регион

Бул. Маршал Тито бр.1-1,

2400 Струмица

со назнака: ЗА ЈАВЕН ОГЛАС

                                                                                                                                    Центар за развој на                      

                                                                                                                         Југоисточниот плански регион

                                                                                                                     Директор

                                                                                                                    Ѓоко Камчев

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy