Трето прскање против возрасни комарци по земјен пат на територијата на Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани од Југоисточниот плански регион дека третото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 19 и 20 Август 2020 година, со следниот распоред:

1.    На 19.08.2020 година (среда), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Струмица, Босилово, Василево и Ново Село;

2.    На 20.08.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Валандово, Богданци, Дојран и Гевгелија.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период.

Грантистите од третиот циклус подигнаа дел од предвидената опремата добиена во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица“

Во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица“, градинари и овоштари, добитници на опрема за воведување на современи агроеколошки мерки од третиот циклус на обуки, денес (11.08.2020 година) имаа можност да подигнат дел од опремата и тоа електрични ножици, меѓуредни фрези, тракторки фрези, атомизери и друго.

Висината на еден грант изнесува 5.000 евра, а во овој циклус преку учество во специјализирани обуки и тестирање избрани се 50 грантисти од кои 20 овоштари и 30 градинари.

Проектот го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, општините од сливот и други релевантни институции, а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Галерија

Второ прскање против возрасни комарци по земјен пат на територијата на Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани од Југоисточниот плански регион дека второто прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 22, 23 и 27 Јули 2020 година, со следниот распоред:

1.    На 22.07.2020 година (среда), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Струмица и Василево;

2.    На 23.07.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Ново Село, Босилово, Валандово, Богданци и Дојран;

3.    На 27.07.2020 година (понеделник), во период од 20.00 до 02.00 часот во општина Гевгелија.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период.

Прво прскање против возрасни комарци по земјен пат на територијата на Југоисточниот плански регион

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира прво прскање против возрасни комарци по земјен пат.

Согласно набавката предвидени се вкупно две прскања за ларвициди и три прскања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.

Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион дека првото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 24 и 25 јуни 2020 година, со следниот распоред:

1.    На 24.06.2020 година (среда), во период од 18.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Ново Село, Василево, Босилово и Струмица и

2.    На 25.06.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Потпишан договор со МЗШВ за подобрување на постојната патна инфраструктура во руралните средини во Југоисточниот плански регион

На 12.06.2020 година, Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Г-а Жулиета Ѓуркова заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Г-н Трајан Димковски потпиша договор за реализација на проектот „Подобрување на постојната патна инфраструктура во руралните средини во Југоисточниот плански регион заради подобар пристап до земјоделските површини“, кој ќе се реализира во рамки на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2020 година.

Проектот е со вкупна вредност од 1.575.580 денари, средства со кои ќе се обноват пристапни патишта до обработливите површини во четири општини од Југоисточниот плански регион, во општина Босилово, Богданци, Гевгелија и Ново Село и ќе се обезбеди пристап до вкупно 278 хектари плодно земјоделско земјиште.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во наредниот период ќе добие и дополнителни средства со кои ќе се овозможи ревитализација на пристапни патишта до земјоделски површини и во други населени места со цел да се одговори на барањата и на другите општини во регионот, а кои се од големо значење за земјоделските производители во Југоисточниот плански регион.

ОДЛОЖЕНО првото прскање против возрасни комарци во Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион дека СЕ ОДЛОЖУВА првото прскање против возрасни комарци кое беше предвидено да се изврши на 10 и 11 Јуни 2020 година (среда и четврток) на територијата на сите општини во регионот.

Прскањето се одложува поради неповолни временски услови т.е појава на врнежи во предвидениот период, а за спроведување на планираното прво прскање против возрасни комарци, граѓаните од Југоисточниот регион ќе бидат дополнително известени.

Прво прскање против возрасни комарци по земјен пат на територијата на Југоисточниот плански регион

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира прво прскање против возрасни комарци по земјен пат.

Согласно набавката предвидени се вкупно две прскања за ларвициди и три прскања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.

Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион дека првото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 10 и 11 јуни 2020 година, со следниот распоред:

1.    На 10.06.2020 година (среда), во период од 18.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Ново Село, Василево, Босилово и Струмица и

2.    На 11.06.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Прашања и одговори во рамките на тендерската постапка за Набавка на Центар за команда, контрола, комуникација, компјутери и разузнавачки информации (C4I)

Прашања и одговори во рамките на тендерската постапка за Набавка на Центар за команда, контрола, комуникација, компјутери и разузнавачки информации (C4I)

Референтен број: CN1 – SO2.4 – SC019 – TD03

Прашањата и одговорите во рамките на тендерската постапка за Набавка на Центар за команда, контрола, комуникација, компјутери и разузнавачки информации (C4I) во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Р. Северна Македонија CCI No.2014TC16I5CB009 се достапни на следниот линк: ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ.

Започна третирањето против ларвицидни и возрасни комарци во општините од Југоисточниот плански регион

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот започна со третирање против ларвицидна и возрасна форма на комарци по земјен пат. За разлика од претходните години каде што третирањето беше по авионски пат, оваа година за прв пат се донесе одлука за третирање по земјен пат, со надеж дека со овој метод ќе се постигне поголем ефект и превенција.

Предвидени се две третирања за ларвициди и три третирања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха. Теренското третирање против ларви од комарци се врши со средство во вид на гранули кои се расфрлаат во плитка застоена вода и ваквото ларвицидно третирање не е штетно за луѓето, пчелните семејства ниту за домашните миленици.

Второто третирање против ларвицидни комарци е предвидено на крајот во овој месец, а додека третирањето на возрасните комарци ќе започне во периодот од 6ти до 11ти јуни.

Пред да се започне со третирање против возрасни комарци претходно ќе биде објавено известување од Центарот и општините со цел да се известат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Втора измена на датум за доставување на понуди за набавка на Центар за команда, контрола, комуникација, компјутери и разузнавачки информации (C4I)

Набавка на Центар за команда, контрола, комуникација, компјутери и разузнавачки информации (C4I)

Референтен број: CN1 – SO2.4 – SC019 – TD03

Ве известуваме дека променет е и продолжен датумот за доставување на понуди за набавка на Центар за команда, контрола, комуникација, компјутери и разузнавачки информации (C4I) во рамки на проект „Интегриран оперативен Центар за хуманитарна помош – HELP“.

Датумот за доставување на понуди наместо до 06.05.2020 година се продолжува до 05.06.2020 година, 16.00 часот (локално време).

Сите заинтересирани можат да поставуваат прашања заклучно до 15.05.2020 година.

Јавното отварање на понудите ќе се иврши на 12.06.2020 година.

Проверете ги детално промените во тендерската документација на следниот линк: Коригендум бр. 2 на тендерско досие – ХЕЛП