Работилница за идентификација на иновативни идеи за имплементација на проект во Југоисточен регион

Регионалниот бизнис центар при Центарот за развој на ЈИПР на 23.01.2020 година во канцелариите на Центарот организираше работилница за идентификација на иновативни идеи во рамки на Грантова шема за иновативни проекти на Регионалните бизнис центри за 2020 година.

Во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – I фаза” овозможена е Грантова шема за иновативни проекти на која Регионалниот Бизнис Центар во рамките на Центарот за развој на ЈИПР ќе аплицира за финансиска поддршка на иновативен проект во вредност од 38.980,00 швајцарски франци.

За време на одржаната работилница беа презентирани правилата и насоките за аплицирање, а потоа се пристапи кон предложување проектни идеи од иновативен карактер коишто ќе имаат значење за регионот.

Врз основа на проектните идеи предложени од страна на општините, академскиот, невладиниот и бизнис секторот, Регионалниот бизнис центар ќе развие најмалку три проектни концепти кои ќе бидат доставени до Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка ќе одобрат еден проект кој ќе биде имплементиран од страна на Центарот за развој на ЈИПР оваа година.

Промена на локацијата и работните простории на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

Почитувани,

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Ве информира дека отпочна со работа во нови работни простории со нова адреса на Булевар Маршал Тито бр.1-1, на први кат во центарот на Струмица во зградата на Централен Регистар.

Во прилог линк од Google maps за новата локација: https://goo.gl/maps/WBdf6H6gNSq3byD17

Тендерска постапка за Градежни работи за реконструкција на дел од речното корито на река Сушица во општина Радовиш

Тендерска постапка за Градежни работи за реконструкција на дел од речното корито на река Сушица во општина Радовиш

Референтен број:  CB006.2.12.062 – 03

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион објавува јавен повик за доделување на договор за јавна набавка „Изведување на градежни работи за реконструкција на дел од речното корито на река Сушица во општина Радовиш“ со финансиска поддршка од Европска Унија преку ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија – Р. Северна Македонија Тендерската документација е достапна на увид во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, бул. Маршал Тито бр. 1 (1-ви спрат), Струмица, Р.С. Македонија и е објавена на следниве веб страни:

http://www.rdc.mk/southeastregion/ и http://www.ipa-cbc-007.eu/bg/public-tenders.

Крајниот рок за доставување на понудите е до 16.00 часот (локално време), на 18.03.2020 година.

Дополнителни информации или појаснувања ќе се објавуваат на следниве веб страни: http://www.rdc.mk/southeastregion/ и http://www.ipa-cbc-007.eu/bg/public-tenders.

Комплетната тендерска документација може да ја преземете од следниот линк: http://www.ipa-cbc-007.eu/public-tenders/tender-procedure-works-regulation-part-riverbed-river-sushica-municipality-radovish.