Се одржа Втората Регионална Работилница за изработка на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024

На ден 11.11.2020 виртуелно на онлајн платформата ЗООМ се одржа Втората регионална работилница за изработка на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024 на која учествуваа претставници на засегнатите страни од Југоисточиот плански регион (претставници на општини, јавни институции, приватен и граѓански сектор).

На Втората Работилницата за почеток беше презентирана нацрт Визијата за Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024, како и стратешките области предложени од претходната работилница.

Потоа се пристапи кон работа во групи каде учесниците се фокусираа на дефинирање на стратешките цели, приоритети и мерки за Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024, изработка на Акцискиот План за спроведување на Програмата, како и на дефинирањето на потребни средства и извори на финансирање водејќи сметка за родово одговорно буџетирање.

Процесот на изготвување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион е поддржан преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој се спроведува со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка во Р.С. Македонија.

Финалната Конференција на која ќе биде презентирана Нацрт Верзијата на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024, предвидено е да се одржи на 02.12.2020 година.

Прва форумска сесија во рамките на Регионалните форуми на заедницата за 2020 година

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион (ЦЈИПР), во месец октомври, ги започна подготовките за одржување на Регионални форуми во заедницата како алатка за идентификација, приоретизирање и подготовка на предлог проекти за добивање на финансиска поддршка од Програмата за рамномерен регионален развој на Бирото за регионален развој (БРР) и Министерството за локална самоуправа на РСМ (МЛС). Врз основа на досегашното позитивно искуство од форумските процеси, во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, што Центрите за развој на планските региони го реализираа со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка и МЛС, одлучено е партиципативното и транспарентно носење на одлуки,со широко граѓанско учество, да биде практикувано и при обезбедувањето на поддршка за предлог проекти од БРР и МЛС. Имено, регионалниот форум, како и усогласеноста на проектите со утврдените приоритети во  програмите за развој на планските региони и со годишната листа на проекти донесена од Советите за развој на планските региони, стануваат задолжителен кавалификациски критериум во процесот на аплицирање со проекти и искористување на средствата достапни од Програмата за рамномерен регионален развој на БРР/МЛС.

Според концептот за спроведување на регионалните форуми, предвидено е одржување на две форумски сесии на кои учесниците ќе ги изберат приоритетните области и подобласти од стратешките цели на регионот, ќе ги идентификуваат проблемите, потребите и предизвиците што го засегаат регионот и ќе ги приоретизираат концепт решенијата изготвени врз основа на граѓанските потреби. Но, заради ескалирање на КОВИД 19 пандемијата и големиот број на заразени во Југоисточниот регион само неколку учесници од клучните партнери прифатија физичко присуство, заради што беше донесена одлука првата форумска сесија да се реализира со спроведување на електронски прашалник.

Од анализираните резултати од пополнувањето на електронскиот прашалник, учесниците за приоритетни 2 области и 2 подобласти ги избраа следните:

Област 1. Земјоделство и рурален развој

Подобласти:

1. Развивање на современа и функционална инфраструктура во селата и  подрачјата со специфични развојни потреби

2. Модернизација и подобрување на конкурентноста на земјоделското производство

 

Област 2. Економија, инвестиции, пазар на труд, туризам

Подобласти:

1. Развој и промоција на регионот како атрактивна туристичката дестинација

2. Развој на претприемнички еко систем и поттикнување на претприемништвото (вкл. жени и млади)

Се одржа Првата Регионална Работилница за изработка на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024

На ден 21.10.2020 во Дом на АРМ во Струмица се одржа Првата регионална работилница за изработка на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024. На средбата согласно протоколот за спроведување на мерки за заштита од Ковид-19, учествуваа претставници на засегнатите страни од Југоисточиот плански регион (претставници на општини, јавни институции, приватен и граѓански сектор).

На работилницата беа претставени клучните наоди од секторските анализи за утврдување на моменталната состојба во регионот, се одредија приоритетните стратешки области за следниот плански период, беа формирани групи во кои учесниците работеа на подготвување на SWOT анализи по одредените приоритетни стратешки области.

На крај се пристапи кон дефинирање на Визијата за регионот за следните пет години и областите во кои ќе се врши спроведување на мерките и активностите со цел да се дефинира посакуваната состојба во Југоисточниот регион во 2024 година.

Процесот на изготвување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион е поддржан преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој се спроведува со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка во Р.С. Македонија.

Втората регионална работилница за изработка на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024, предвидено е да се одржи на 11ти Ноември, 2020 година.

Започна процесот за изработка на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во рамките на своите надлежности што произлегуваат од Законот за рамномерен регионален развој, го отпочна процесот на изработка на среднорочниот плански документ – Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024, со тоа што на ден 06.10.2020 се одржа Воведната консултативна средба на засегнатите страни за изработка на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024.

Целта на воведната средба беше запознавање на учесниците со процесот и методологијата за изработка на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024. Средбата се одвиваше он-лине на платформата ЗООМ, каде активно беа вклучени околу 20-тина претставници од сите засегнати страни од регионот и тоа: претставници од десетте општини што му припаѓаат на регионот, претставници од јавниот сектор, приватниот сектор, граѓанските организации, академската заедница, како и други релевантни чинители од Југоисточниот плански регион.

 Постапката за изработка на Програмата, е од особена важност за Југоисточниот плански регион и ќе се одвива во неколку фази, во согласност со Правилникот за методологијата за изработка на планските документи за регионален развој.

Процесот на изготвување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион е поддржан преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој се спроведува со поддршка на од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка во Р.С.Македонија.

Четврто прскање против возрасни комарци по земјен пат во општините Дојран и Гевгелија

Се известуваат граѓаните од општините Дојран и Гевгелија дека четвртото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 06.10.2020 година, со следниот распоред:

1. На 06.10.2020 година (Вторник), во период од 16.00 до 18.00 часот во општина Дојран;
2. На 06.10.2020 година (Вторник), со почеток од 20.00 во општина Гевгелија.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период.

Четврто прскање против возрасни комарци по земјен пат во општините во Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион, доколку има поволни временски услови ќе се изврши четврто прскање против возрасни комарци, со следниот распоред:

1. На 30.09.2020 година (среда), во период од 16 до 18 часот во општините Конче, Радовиш, Василево, Струмица и
2. На 01.10.2020 година (четврток), во период од 16 до 18 часот во општините Ново Село, Босилово, Валандово и Богданци.

За спроведување на планираното четврто прскање против возрасни комарци, граѓаните од општините Дојран и Гевгелија ќе бидат дополнително известени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Форумскиот циклус од 2019 година заврши со презентација на резултатите на проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на 23.09.2020 година во хотел Сириус во Струмица, според протоколите и препораките на Владата за заштита од Ковид-19, ја оранизираше Четвртата и последна форумска сесија од циклусот на Регионални форуми во заедницата од 2019 година во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.

На Четвртата форумска сесија се презентираа резултатите од проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“, кој на партиципативен и транспарентен начин беше изгласан за прв на листата приоритетни проекти од страна на граѓаните на Југоисточниот плански регион на Регионалните форумски сесии од 2019 година коишто се организираа во рамки на Грантова шема за инвестициски проекти 2019 година финансирана од Министерство за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Учесниците на оваа сесија имаа можност да се информираат за текот и процесот на реализација на избраниот проект, резулататите кои се постигнаа со проектот и препораките кои беа упатени од форумот за подобрување на животот во пошироката заедница и регионот.

Проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“ е прогласен за еден од најиновативните проекти произлезен од Регионални форумски сесии во 2019 година, а за успешноста на овој проект исто така сведочи и тоа што оваа 2020 година уште два Регионални Центри ќе го имплементираат истиот проект во два други плански региони во Република Северна Македонија.

Во однос на останатите предлог проекти кои произлегоа од Регионалните форуми од 2019 година, Г-а. Жулиета Ѓуркова, раководител на ЦРЈИП истакна дека истите се од голема важност за Центарот бидејќи се произлезени од граѓаните на регионот и во иднина ќе се прават напори да бидат финансирани.

Сите потребни информации кои се мерат и обработуваат преку станиците може да се добијат на www.agrojug.mk како и на мобилната апликација “Meteobot” каде што се мапирани сите 23 Агрометеоролошки станици во регионот.

Во тек се практичните обуки за грантистите во рамки на проектот „Управување со сливот на река Струмица“

Во текот на изминатиот период во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица“ се спроведуваат обуките на терен на кои учествуваат 50-те грантисти од третиот циклус обуки за спроведување на современи агроеколошки мерки, каде висината на еден грант изнесува 5.000 евра.

На овие обуки експерти од областа на овоштарството, градинарство, почви, наводнување и заштита им даваат стручни совети на земјоделските производители со цел подобрување на квалитетот на земјоделските производи и приносот со истовремено намалување на трошоците за нивно производство и секако заштита на животната средина.

Проектот го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, општините од сливот и други релевантни институции, а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Галерија

Трето прскање против возрасни комарци по земјен пат во општините Струмица, Василево и Радовиш

Се известуваат граѓаните од општините Струмица, Василево и Радовиш дека третото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 31.08.2020 година и 01.09.2020 година, со следниот распоред:

1. На 31.08.2020 година (Понеделник), во период од 20.00 до 02.00 часот во општините Струмица и Василево;

2. На 01.09.2020 година (Вторник), во период од 20.00 до 02.00 часот во општина Радовиш.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период.

ОДЛОЖЕНО третото прскање против возрасни комарци во општините Струмица, Радовиш и Василево

Се известуваат граѓаните од општините Струмица, Радовиш и Василево дека СЕ ОДЛОЖУВА третото прскање против возрасни комарци кое беше предвидено да се изврши на 19 Август 2020 година (Среда).

Прскањето се одложува поради неповолни временски услови т.е појава на врнежи во предвидениот период, а за спроведување на планираното трето прскање против возрасни комарци, граѓаните од општините Струмица, Радовиш и Василево ќе бидат дополнително известени.