Југоисточниот плански регион – центар на дипломатијата!
30 КОМПАНИИ ОД ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН СЕ ЗАПОЗНАА СО НАЈНОВИТЕ МЕТОДИ ЗА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
Онлајн маркетингот, продажбата и вештачката интелигенција се три испреплетени полиња кои го револуционизираа начинот на кој бизнисите допираат и се ангажираат со нивните клиенти. Како што се повеќе луѓе се свртуваат кон Интернетот за да донесат одлуки за купување, компаниите мораа да ги приспособат своите стратегии за маркетинг и продажба за да ги задоволат барањата на дигиталната ера. Вештачката интелигенција одигра значајна улога во оваа трансформација, обезбедувајќи им на бизнисите моќни алатки за оптимизирање на нивните напори за онлајн маркетинг и продажба.
Со цел подобро запознавање и адаптација на малите и средните претпријатија со овој вид на маркетинг и продажба, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на проектот „Деловен екосистем како интегриран систем“, кој е финансиран преку ИНТЕРЕГ ИПА Програмата помеѓу Р.Грција и Р.С. Македонија организираше две дводневни работилници на тема НОВА ДИГИТАЛНА РЕАЛНОСТ, кои се одржаа на 13-14 Март и на 16-17 ти март 2023 год. во Хотел Сириус, Струмица.
Работилниците беа наменета за припадниците на бизнис секторот кои сакаат да ја зголемат ефикасноста во работењето со помош на користење на дигитални алатки, сакаат да го унапредат своето онлајн присуство, сакаат да започнат со продавање на своите услуги и производи онлајн, но и да научат нови методи за промоција на своите производи и услуги со цел да бидат поконкурентни не само на нашиот пазар туку и на светско ниво.
Учесниците имаа можност да слушнат нешто повеќе за дигитална трансформација и типови на информациони системи, најкористени системи во процесот на дигиталната трансформација, потребата од креирање на персонализиран софтвер при процесот на трансформација. Потоа, се запознаа со трендовите на дигиталната трансформација, Cloud и Хибридна Cloud околина, Xaas, вештачката интелигенција и машинско учење, како и инвестирање во Cybersecurity итн.
Проектниот тим преку организацијата на оваа активност посочува до сите компании дека дититалната трансформација не е наменета само за ИТ компаниите, туку во денешно време е нешто што секој бизнис треба да го нуди, претставува потреба и стратешка алатка за раст и развој на компанијата.
НОВА ДИГИТАЛНА РЕАЛНОСТ – Работилници во рамките на проектот Би Ин
За таа цел, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион организира две, дводневни Работилници за дигитална промоција на компаниите од Југоисточниот плански регион преку онлајн маркетинг, промоција и продажба.
Тие се наменети за сите кои се стремат кон дигитална модернизација, за сите бизниси кои бараат нов дигитален начин на промоција, како и нови начини дигитално да ги понудат своите производи и услуги.
Станете дел од прекуграничната мрежа за превенција и одговор на природни и еколошки опасности
На завршната конференција одржана од Асоцијацијата на југозападни општини за проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“, имплементиран со поддршка на програмата за соработка Interreg IPА CBC Бугарија – С. Македонија 2014-2020 година, беше потпишан МЕМОРАНДУМ за создавање на прекугранична партнерска мрежа за координација и соодветен одговор на природните и еколошките опасности, со посебен акцент и фокус на шумските пожари.
Мрежата обединува заедница на институции, организации, експерти и индивидуалци од Република С.Македонија и Република Бугарија кои работат на полето на превенција, подготвеност и брз одговор при природни катастрофи и пожари.
Членовите на мрежата ќе работат на остварување на следните цели:
- Примање и споделување на информации поврзани со природни катастрофи и пожари
- Размена на искуство, добри практики и знаење
- Заедничка обука помеѓу членовите
- Помош и поддршка при управување со природни катастрофи и пожари
- Поддршка во опрема (донација и користење)
- Обезбедување на поддршка и помош за развој на волонтерските друштва
- Едукација на младите
- Подигнување на јавната свест кај населението
- Спроведување на заеднички кампањи и вежби
- Поддршка во комуникација со регионалните и националните служби за заштита, спасување и управување со кризи
- Заедничка апликација и реализација на проекти кои се однесуваат на иновации, подобрувања, обуки и други позитивни ефекти во заедничката кауза.
За да станете член на оваа мрежа, потребно е да пополните ПРИСТАПНИЦА за членство и истата да ја испратите на cbc.forest.fire@gmail.com.
Со пополнување и потпишување на пристапницата членовите ги прифаќат начелата и принципите утврдени во Меморандумот за соработка и сакат да учествуват во сите активности на мрежата.
Меморандумот и Пристапницата за пополнување се достапни на следните линкови:
Прекуграничната соработка во справување со шумски пожари отвора нови перспективи за регионот
Точно пред две години започнавме со имплементација на проектот и пред нас си поставивме неколку цели.
Главна цел беше да ја подобриме функционалноста на противпожарните единици во регионот кои ќе настапат на терен при гаснење на шумски пожари опремени со комплетна опрема. Нашиот амбициозен план со високо зацртани цели го остваривме, но и постигнавме многу поголем успех во реализацијата на проектот.

Имплементацијата на проектот за „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. С.Македонија 2014-2020 ќе заврши за помалку од еден месец, но постигнатите резултати во регионот ќе бидат видливи и ќе овозможат ефикасно справување со елементарни непогоди на подолг рок.

Најзначајните постигнати цели од овој проект се 112 комплетно опремените пожарникари од нашиот регион, шестте специјализирани обуки со сертифицирани обучувачи за пожарникарите, кампањата за подигање на јавната свест за намалување на шумските пожари и промовирањето на волонтерството во противпожарната служба.
Најголемата придобивка од овој проект е потпишаниот Меморандум за соработка и создавање на прекугранична мрежа за превенција и одговор на природни и еколошки опасности, помеѓу институции и организации од Југоисточниот плански регион во Република С. Македонија и членките – општини на Асоцијација на Југозападни Општини од Република Бугарија, кој ветува многу продуктивна и навремена комуникација помеѓу институциите – членки на Меморандумот на двете држави чијашто визија е прекугранична мрежа за превенција и справување со природни и еколошки опасности во која се вклучени професионалци и експерти од институции, организации и поединци кои во заедничка координација ќе се справуваат со природните и еколошките опасности во прекуграничниот регион.

Одржан четвртиот состанок на тимот на проектот за „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“
Во рамки на проектот “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Р. С. Македонија на ден 13.01.2023 година, во хотел „Сириус“ Струмица – Република С. Македонија, се одржа четвртиот состанок на проектниот тим.

На состанокот на тимот се дискутираше за имплементираните активности во рамки на проектот, успешно спроведените специјализирани обуки и доделени сертификати на учесниците, како и план и програма за реализација на претстојната завршна конференција во спроведувањето на последната активност од проектот.

Тимот разговараше за финални детали и содржина на Меморандумот за создавање на прекугранична мрежа за превенција и одговор на природни и еколошки опасности, чиешто потпишување ќе биде реализирано на завршната конференција на проектот помеѓу двете страни – Центарот за развој на ЈИПР – Струмица и Асоцијацијата на југозападни општини – Благоевград.

Проектот е ко-финансиран од Европска Унија и Националните Фондови на земјите учеснички преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија – Република Северна Македонија 2014-2020.
ЦРЈИПР СПРОВЕДЕ АКЦИЈА – „ПОДАРИ НАСМЕВКА“
ОДРЖАНА ГОДИШНА РАБОТИЛНИЦА




















