Се инсталираат фотонапонски централи предвидени по проектот „Енергетски ефикасен регион“

Во Радовиш се одржа вториот промотивен настан по проектот “Енергетски ефикасен регион”, кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а е финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и од Швајцарската Влада, а со сопствени средства учествуваат и општините Радовиш, Конче и Василево.

На настанот на кој присуствуваше министерот за локална самоуправа во Владата на Р. С. Македонија, градоначалниците на општините Радовиш и Конче, директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и претставници од проектната канцеларија на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” беа претставени досегашните реализирани активности.

Со имплементацијата на проектот, од една страна општините Радовиш, Конче и Василево ќе имаат голем бенефит во однос на заштеда на потрошувачка на електрична енергија, а од друга страна корист ќе имаат и граѓаните при што ќе се зголемат средствата за инвестирање во инфраструктурни проекти кои ќе водат кон зголемен економски развој.

– „Се надевам дека сите национални и меѓународни институции ќе ги препознаат придобивките од овие проекти и ќе финансираат други вакви проекти во иднина, со што ќе се овозможи полесно функционирање и полесна одржливост на општините и општинските институции во регионот“ – истакна директорот на Центарот, Г-нот Камчев.

Се очекува до крајот на месец ноември оваа година, комплетно да бидат поставени фотонапонските централи на двата објекти во Радовиш, по што ќе следи и изработка на софтвер за мониторинг на енергија, а планирани се и обуки за користење на системот, наменети за претставници од трите партнерски општини.

ИЗРАБОТЕНА СТУДИЈА ЗА АНАЛИЗА НА ПРЕТПРИЕМАЧКИОТ ЕКОСИСТЕМ ВО ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН

Во рамките на проектот „Деловен екосистем како интегриран систем – Be In“, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со Гешталт Солушнс  имплементираше серија истражувања во неколку клучни области кои имаат големо влијание врз претприемачката активност и иновативноста во регионот, кои резултираа со креирање на Студија за анализа на претприемачкиот екосистем во Југоисточниот плански регион.

Во рамките на Студијата, се анализираат предностите и слабостите на работната сила во Југоисточниот плански регион. Преку низа прашања анализата дава преглед за тоа дали работниците активно бараат работа, кои се нивните лични карактеристики и кои вештини и работно искуство ги поседуваат. Истовремено, оваа анализа нуди насоки за подобрување на работните услови и развој на современи вештини, што се потребни за напредок во современите бизниси.

Еден од основните аспекти на Студијата вклучува и истражување на претприемачките капацитети и вештини на сегашните и потенцијалните претприемачи во Југоисточниот плански регион кое обезбедува важни информации за растот и потенцијалните можности за иновации во регионот.

Дополнително, Студијата опфаќа и разработка на низа прашања односно длабински интервјуа со менаџери и одговорни лица од мали и средни компании во регионот, кои ги проучуваат предизвиците и можностите кои ги искусуваат бизнисите во регионот, прикажувајќи една карта за состојбата на претприемачката сцена во Југоисточниот регион.

Заклучоците од сите истражувањата меѓудругото покажуваат дека претпријатијата од Југоисточниот плански регион успешно се адаптираат на кризи преку усвојување на нови технологии и практики. Тие најмногу се фокусираат на онлајн маркетинг, продажба и анализа на податоци. Интересен е фактот што ваквата сосотјба на дигитализација на компаниите продолжува и по Ковид кризата, што го прикажува потенцијалот на компаниите од регионот за континуиран раст и развој.

На крајот од Студијата се дадени и препораки за поддршка на микро, малите и средните компании од Југоисточниот плански регион кои вклучуваат активности за поддршка за поголема промоција на претприемништво, организирање на обуки, развој на финансиски и нефинансиски програми, како и воведување на информативни системи за грантови и менторски програми за старт-ап компании. Целта е да се зголеми иновативноста и да се унапреди развојот на МСП во регионот.

Студијата за анализа на претприемачкиот екосистем во Југоисточниот плански регион е достапна на следниот линк: .

Трето прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција

Се известуваат граѓаните од Југоисточниот плански регион дека согласно направениот план на активности за третото прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција, истото ќе се изврши во текот на наредните денови со следниот распоред:

 

Општина Василево

  • На 09.08.2023 година (среда), со почеток во 18.00 часот,ќе се изврши прскање против возрасни комарци и
  • На 10.08.2023 година (четврток), со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција.

 Општина Босилово

  • На 09.08.2023 година (среда), со почеток во 18.00 часот,ќе се изврши прскање против возрасни комарци и
  • На 10.08.2023 година (четврток), со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција.

 Општина Ново Село

  • На 09.08.2023 година (среда), со почеток во 18.00 часот, ќе се изврши прскање против возрасни комарци и
  • На 10.08.2023 година (четврток), со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција.

 Општина Гевгелија

  • На 10.08.2023 година (четврток), со почеток во 18.00 часот, во населените места ќе се изврши прскање против возрасни комарци;
  • На 11.08.2023 година (петок), со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција и
  • На 11.08.2023 година (петок), со почеток во 22.00 часот, во град Гевгелија ќе се изврши прскање против возрасни комарци.

 Општина Дојран

  • На 10.08.2023 година (четврток), со почеток во 22.00 часот, ќе се изврши прскање против возрасни комарци и
  • На 11.08.2023 година (петок), со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција.

Општина Струмица

  • На 10.08.2023 година (четврток), со почеток во 18.00 часот, во населените места ќе се изврши прскање против возрасни комарци;
  • На 10.08.2023 година (петок), со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција и
  • На 11.08.2023 година (петок), со почеток во 22.00 часот, во град Струмица ќе се изврши прскање против возрасни комарци.

За третирањето против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција во општина Валандово дополнително ќе бидете известени.

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

ДВЕ НОВИ ПРОТИВ ПОЖАРНИ ВОЗИЛА ЗА ВАЛАНДОВО И ГЕВГЕЛИЈА

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во имплементацијата на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“, набави две противпожарни возила за ТППЕ Валандово и ТППЕ Гевгелија во вредност од над 200.000 евра.

Малиот камион за спасување ќе биде за употреба на ТППЕ – Гевгелија, а возилото односно пикапот за прв одговор ќе биде за употреба на ТППЕ Валандово.
Во меѓувреме се направи модификација на проектот со што Центарот доби дополнителни средства и веќе во процедура е набавката на трето противпожарно возило кое ќе биде наменето за ТППЕ – Струмица.
Ваквата набавка на специјализирани возила ќе ги олесни интервенциите на терен, особено во делот во справување со шумски пожари, а воедно ќе ја зголеми и ефикасноста на сите територијални противпожарни единици од Југоисточниот плански регион.
Со новата модификација исто така ќе бидат набавени и три дронови со сензорни камери кои ќе се користат за рано откривање и маркирање на пожарите на тешко пристапните места.
Проектот е финансиран од страна на Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Р. С. Македонија.

Второ прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција

Се известуваат граѓаните од општина Радовиш и Конче дека согласно направениот план на активности за второто прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција, истото ќе се изврши во текот на наредните денови со следниот распоред:

  • На 27.07.2023 година (Четврток)
  • со почеток во 18.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција во општина Конче, додека прскање против возрасни комарци во 20.00 часот.
  • со почеток во 23.00 часот, ќе се изврши прскање против возрасни комарци во општина Радовиш.

 

  • На 28.07.2023 година (Петок)
  • со почеток во раните утрински часови ќе се изврши ларвицидна дезинсекција во општина Радовиш.

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Второ прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција

Се известуваат граѓаните од Југоисточниот плански регион дека согласно направениот план на активности за второто прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција, истото ќе се изврши во текот на наредните денови со следниот распоред:

На 05.07.2023 година (среда)

  • со почеток во 19.00 часот, ќе се изврши прскање против возрасни комарци во општините Василево, Босилово и Ново Село.

На 06.07.2023 година (четврток)

  • со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција во општините Василево, Босилово и Ново Село;
  • со почеток во 19.00 часот, ќе се изврши прскање против возрасни комарци во населените места во општините Гевгелија и Струмица;
  • со почеток во 23.00 часот, ќе се изврши прскање против возрасни комарци во општина Дојран.

На 07.07.2023 година (петок)

  • со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција во општините Гевгелија, Дојран и Струмица;
  • со почеток во 13.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција во општина Валандово;
  • со почеток во 23.00 часот, ќе се изврши прскање против возрасни комарци во град Гевгелија и Струмица и во општина Валандово.

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Одржан трет состанок по проектот „Би Ин“

Третиот состанок по проектот „Деловен еко–систем како интегриран систем – Be In“ се одржа на 27 Јуни 2023 година во Солун, Грција и истиот беше организиран од страна на вториот проектен партнер – Истражувачкиот институт на Универзитетот Македонија, Грција.

На состанокот беа разработени клучните аспекти неопходни за непречено спроведување на проектот и постигнување на целите. Состанокот започна со сеопфатна дискусија за досегашниот напредок на проектот, фокусирајќи се на досегашните направени трошоци и нивна валидација за секој од партнерите.

Во продолжение на состанокот присутните претставници разговараа за излезните резултати од секоја планирана и спроведена активност нагласувајќи ја нивната важност во воспоставувањето на претприемачкиот еко-систем во прекуграничниот регион.

На крајот се утврдија следните чекори кои треба да се преземат преку изработка на календар на одржување на настаните до крајот на проектот со цел да се постави јасна траекторија на движење и да се обезбеди добро координирано  и ефикасно извршување на проектот.

Проектот е кофинансиран од Европска Унија и националните фондови на земјите учеснички преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Р. С. Македонија и со продолжувањето на рокот на имплементација на проектот истиот ќе се имплементира до 30ти Ноември 2023 година.

Прво прскање против возрасни комарци во општините Конче и Радовиш

Се известуваат граѓаните од општина Конче и општина Радовиш, дека на 26 и 27 Јуни 2023 година, во раните утрински часови ќе се врши теристичка дезинсекција против возрасни комарци.

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Спој на убавина и историја – Доизграден и опремен конакот во рамките на манастирската црква Св. Стефан во Конче

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион успешно ги заврши активностите за доизградба и опремување на конак – Манастирска црква Св. Стефан во општина Конче, во рамките на проектот „Збогатување на туристичката понуда на Југоисточниот плански регион“.

Во текот на реализацијата на овој проект беа преземени градежни зафати со кои беше доизграден манастирскиот конак Св. Спас и истиот беше опремен со кујна, мебел и друга неопходна опрема,  која направи оваа место да добие пријатен амбиент и да добие изглед на уредено место кое плени со своето природно опкружување и духовна вредност.

Вкупната вредност на проектот изнесува 5.800.000,00 денари, а средствата се обезбедени од страна на Бирото за регионален развој и општината Конче.

Со имплементацијата на овој проект општина Конче ќе се најде на мапата на манастирски туристички места кое ќе го привлечат вниманието на овој вид на туристи. Овој успешно завршен проект ќе допринесе кон подобрување на туристичката понуда во Југоисточниот регион и ќе ја засили позицијата на општината Конче како како општина со богато културно и религиозно наследство.

Прво прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 05, 06 и 07 Јуни 2023 година, во раните утрински часови  и во текот на пладневните часови ќе се врши теристичко третирање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција со следниот распоред:

  • На 05.06.2023 (Понеделник), во општините Валандово, Дојран, Гевгелија;
  • На 06.06.2023  (Вторник), во општините Струмица, Босилово, Ново Село, Радовиш и Конче;
  • На 07.06.2023 (Среда), во општина Василево.

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.