На 27 март, проектниот тим на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, како партнер во проектот FIREDEFEND, учествуваше на 4-та Меѓународна изложба за циркуларна економија „Forward Green Expo“, која се одржа во рамки на настанот „Renewable Energy Tech“ во Солун, Грција.
Учеството на овој значаен меѓународен настан овозможи размена на искуства, знаења и добри практики со релевантни институции, експерти и организации од регионот и пошироко, во областа на управување со ризици, заштита на животната средина и одржлив развој. Посебен акцент беше ставен на современите пристапи и иновативни решенија поврзани со циркуларната економија и обновливите извори на енергија.
Преку учеството на изложбата, тимот имаше можност да се запознае со нови технологии, алатки и практики кои придонесуваат кон подобрување на системите за превенција и справување со пожари, како и поефикасно управување со отпад и природни ресурси – теми кои се директно поврзани со целите на проектот FIREDEFEND.
Во рамки на настанот се одржа и партнерска средба на проектот FIREDEFEND, на која беа разгледани досегашните активности, постигнатиот напредок и предизвиците во имплементацијата. Партнерите дискутираа за следните чекори, со цел унапредување на соработката и обезбедување ефективна и навремена реализација на проектните активности.
Учеството на вакви настани придонесува кон зајакнување на регионалната и прекуграничната соработка, како и кон примена на современи решенија за справување со предизвиците поврзани со климатските промени и заштитата на животната средина.
#FIREDEFEND #ForwardGreenExpo #RenewableEnergy #ЦиркуларнаЕкономија #ОдржливРазвој #ClimateAction
















