ТУРИЗМОТ – ИДНИНАТА НА РЕГИОНОТ!

Во рамките на овој проект планирани се следните активности:

– Изградба на спортско-рекреативна трим патека во должина од 1050 m и поставување на урбана опрема како 15 дрвени клупи, 15 корпи за отпадоци и паркинг на почетокот на трасата во село Босилово, општина Босилово;

КУЛТУРНО БОГАТСТВО – НАСЛЕДСТВО ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Со овој проект се предвидува реконструкција или доградба на објектите на три културни центри во три општини во Југоисточниот плански регион, и тоа во село Моин – општина Гевгелија, село Лубница – општина Конче и во Радовиш, општина Радовиш.

Обуките на пожарникарите и доброволците продолжуваат на терен на југоистокот

Успешно завршија трите дводневни обуки во Република Бугарија, предвидени во активностите на проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. Северна Македонија 2014-2020, проект кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го спроведува во партнерство со Асоцијацијата на Југозападни општини, Благовеград, Република Бугарија.

Во следниот период претстои одржување на преостанатите три дводневни специјализрани обуки во Република С.Македонија, со распоред на реализирање:

  • 10-11 Ноември, 2022 година (четврта специјализирана обука);
  • 24-25 Ноември, 2022 година (петта специјализирана обука);
  • 28-29 Ноември, 2022 година (шеста – финална специјализирана обука).

Пожарникарите и доброволците од југозападот на соседна Бугарија ќе имат можност заедно со своите колеги од регионот да си ги измерат своите сили низ практични вежби на планината Огражден, во спасувачка акција во зградата на поранешната Касарна во Струмица како и финален натпревар и завршна конференција на која на учесниците ќе им бидат доделени сертификати за учество во шесте обуки.

 

Приказните од терен и размената на искуства продолжуваат со зголемен интензитет

Дел од доброволните и професионалните пожарникари од југоистокот на Р.С. Македонија и југозападот на Р. Бугарија, на 13 и 14 Октомври, 2022 присуствуваа на втората специјализирана обука во Банско, Република Бугарија, од предвидените шест дводневни специјализирани обуки како дел од активностите на проектот “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари”.

Давањето прва помош како еден круцијален момент при несреќи е темата која побуди најголем интерес кај учесниците кои будно и внимателно следеа за да си ги обноват своите знаења, но и да научат мнoгу нови. Обуката беше спроведена од страна на парамедик – болничар г-дин Владимир Филков, член на доброволното противпожарно друштво од Благоевград.

 

Пожарникарите вториот ден го поминаа на терен со практични вежби и примери од втората тематска единица која беше обработена од страна на г-дин Пламен Тодоров, инспектор од Националната Асоцијација на доброволците во Република Бугарија. Пожарникарите и доброволците имаа можност да работат со дел од опремата со која работи и располага територијалната противпожарна единица на Банско. Приказните од терен и размената на искуства продолжуваат и овој пат со зголемен интензитет и интерес од страна на сите учесници во обуката.

 

Обуките се дел од имплементацијата на проектот за “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. Северна Македонија 2014-2020, проект кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го спроведува во партнерство со Асоцијацијата на Југозападни општини, Благовеград, Република Бугарија.

19 млади од регионот се стекнаа со вештини за развој на бизнис планови

Седумдневното дружење во рамките на Кампот за млади иноватори и претприемачи 2022 заврши со презентација на 6 бизнис планови кои беа подготвени од страна на сите учесници под менторство на професори од областа на економијата и бизнисот.

19 млади лица на возраст од 18 до 29 години, преку секојдневни интерактивни предавања од страна на еминентни универзитетски професори, успешни претприемачи и експерти, се стекнаа со нови знаења и вештини во областа на иновациите и претприемништвото. Преку работење во групи и изготвување на бизис планови, се запознаа со основите на претприемништвото, деловната комуникација како круцијален дел во бизнис светот и основањето на сопствени бизниси.

Освен обуките за претприемништво, организирани беа и мотивационо-забавни активности каде младите беа во можност да слушнат успешни животни и бизнис приказни, совети за здрав животен стил со цел да се мотивираат и да работат на бизнис идеи кои беше предвидено учесниците да ги презентираат на завршниот ден од кампот.

Времето поминато во едукација и забава, стекнатите нови знаења и пријатната атмосфера во оваа седумдневно претприемачко патување беа поттик за овие млади да изразат желба и да се стекнат со право за учество во тридневното студиско патување во Грција, кое во наредниот период е предвидено да се одржи во рамките на проектот.

Сите учесници на кампот се стекнаа со сертификати за учество како и со книга насловена како „7 навики на успешните луѓе“ од Стивен Кови кој важи за  најпочитуваниот мотиватор во корпоративниот свет. Учесниците со најдобри бизнис идеи ќе добијат и бесплатно користење на Заедничкиот работен простор кој се наоѓа во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во Струмица.

Кампот беше организиран со цел да се поттикне претприемачкиот дух на младите во регионот, мотивот за соработка, развој на своите бизнис идеи во бизнис планови, како и активно учество на пазарот на трудот.

 

Голема благодарност до соработниците кои придонесоа Кампот за млади иноватори и претприемачи 2022 година да биде корисен за сите учесници и запаметен како добар пример за учење, дружење и соработка:

Петрески и партнери – за поддршка во целосната организација на Кампот, за споделените реални примери од деловниот свет, интерактивните игри како и секојдневната поддршка на учесниците во разработката на нивните идеи;

Проф. Д-р Еленица Софијанова – за обуките за Деловна комуникација;

Филип Чаловски – за споделените мотивациски совети и кулинарски трикови;

Проф. Д-р Илија Груевски – за обуките за Финанскиски планови;

Ирина Тростјанска – за споделените бизнис совети и фитнес активности;

Ивона Трајановска – за споделените совети за финансирање на стартапи;

Проф. Д-р Влатко Пачешкоски – за обуките за подоготовка на бизнис планови;

Елена Божиновска – за споделеното искуство за развивање на бизнис идеја од областа на социјалното претприемништво;

Филип Петрески – за мотивирање на учесниците да дадат се од себе, секогаш стремејќи се кон својот максимум.

 

Кампот за млади иноватори и претприемачи 2022 беше организиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во периодот од 26.09-02.10.2022 година во рамките на проектот „Деловен екосистем како интегриран систем – БИ ИН“ финансиран преку ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Р.С.Македонија.

Со нови искуства и добри практики од терен пожарникарите ја завршија првата специјализирана обука

На 29 и 30 септември, 2022 година во Банско, Бугарија пожарникарите и доброволците ја поминаа првата специјализирана обука како дел од активностите на проектот “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари”. Шеесетина учесници од С. Македонија и Буграија беа дел од обуката чија цел беше збогатување и проширување на знаењата во справувањето со шумски пожари.

 

Обуката и практичните вежби ги модерираше и ги спроведе г-а Ралица Тодорова, сертифициран обучувач од Националната Асоцијација на доброволците во Република Бугарија и Главната Дирекција за пожарна безбедност и заштита на населението. Доброволците и професионалците седнаа заедно на маса со цел да споделат стари, но и научат нови знаења и искуства од своите колеги. Со меѓусебна размена на “приказни од терен” и низ теоретски примери и анализи, но и демонстрација на терен во противпожарната станица во Банско, успешно поминаа двата дена од првиот модул кој е само најава и почеток од одржувањето на претстојните специјализирани обуки. Предвидени се вкупно 6 дводневни обуки, од кои 3 ќе се одржат во Република Бугарија и 3 во Република Северна Македонија.

 

Обуките се дел од имплементацијата на проектот за “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. Северна Македонија 2014-2020, проект кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го спроведува во партнерство со Асоцијацијата на Југозападни општини, Благовеград, Република Бугарија.

Санација на полски патишта во општините Богданци и Струмица

Влијанието на овој проект е од голема важност за регионалниот развој, бидејќи изградбата и реконструкцијата на полските патишта за подобрување на пристапот до обработливи површини претставува основа врз која се развиваат низа фактори кои се од регионално значење за Југоисточниот плански регион.

 

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈИПР

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи („Сл.весник на Р.С.М.“ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18) и „Сл.весник на Р.С.М.“ бр.110/19, 267/20, 151/21 и 288/21) и согласно член 26 став 8, став 9, став 10, став 11, став 13, член 27 став 1 од Законот за рамномерен регионален развој („Сл.весник на Р.С.М.“ бр.24/2021 и 174/21), како и согласно член 2 од Одлуката за распишување на јавен оглас за директор од седницата на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, бр.08-302/8 од 22.07.2022 година, објавува Continue reading

Јавен повик за учество на Камп за претприемништво и иновации за млади 2022

Имате претприемачки дух и иновативна деловна идеја?

Сакате да ги унапредите вашите претприемачки вештини?

 

Кампот за претприемништво и иновации за млади 2022 отвора

повик за 19 претприемачи кои можат да придонесат за развојот на Југоисточниот регион

 

Камп за претприемништво и иновации за млади 2022

26 септември – 2 октомври 2022, Дојран

 

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион заедно со Petreski&Partners организираат Камп за претприемништво и иновации за млади кој ќе се одржи од 26 септември – 2 октомври 2022 во Дојран.

Кампот се организира во рамките на проектот „Деловен екосистем како интегриран систем – Би Ин“ финансиран од Европска Унија и националните фондови на земјите учеснички преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Р. Северна Македонија.

Главна цел на кампот е да го поттикне претприемачкиот дух и иновативноста кај младите луѓе од Југоисточниот регион и да ги зајакне нивните капацитети неопходни за развивање сопствен бизнис.

 

Што ќе научиш?

Кампот за претприемништво и иновации за млади 2022 овозможува развој на специфични вештини непоходни за основање сопствен бизнис. Учесниците ќе имаат можност да научат повеќе за претприемништвото и иновативните деловни практики, да ги унапредат своите претприемачки вештини и да развијат соодветен деловен план преку практична и интерактивна програма.

Учесниците ќе имаат можност да учат од искусни ментори и успешни претприемачи, да слушнат успешни деловни приказни и да добијат соодветни совети и препораки како да ја развијат својата деловна идеја. Исто така, учесниците ќе научат како да подготват деловен план за својата деловна идеја и како истата да ја претстават.

Покрај ова, Кампот за претприемништво и иновации за млади 2022 овозможува вмрежување на учесниците, запознавање со други талентирани млади луѓе од регионот преку забавни и мотивирачки содржини и активности.

 

Услови за учество

Условите што треба да ги исполнувате доколку сакате да учествувате на кампот се:

1) да сте на возраст помеѓу 18-29 години;

2) да живеете во некоја од десетте општини кои го сочинуваат Југоисточниот плански регион.

Селекцијата на најдобрите 19 кандидати ќе биде според квалитетот и иновативноста на вашите одговори за деловната идеја што ја имате, областа во која сакате да работите или проблемот што сакате да го решите.

По завршувањето на кампот, како поддршка за нивниот понатамошен деловен развој, сите учесници ќе добијат на подарок Книга за претприемништво, а најдобрите од нив ќе имаат можност бесплатно да го користат Заедничкиот работен простор кој се наоѓа во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во Струмица.

Воедно, сите учесници на кампот ќе имаат можност да бидат дел од тридневното студиско патување во Грција, кое дополнително ќе се организира во рамките на проектот и на кое учесниците ќе имаат можност да посетат бизнис старт-ап центри, бизнис акцелератори и успешни претприемачи од другата страна на границата, со цел понатамошен развој на претприемачките способности.

 

Начин на пријавување

Пополнете го формуларот за пријавување на следниов линк: https://forms.gle/94Vf7ZXis5Bt7GGFA.

Рокот за пријавување е до 20 септември 2022 година.

 

За повеќе информации

Petreski&Partners: тел. за контакт 075/347-712,  е-маил: bootcampei.2022@gmail.com  или

Центар за развој на Југоисточниот плански регион: Марјан Молчанов – проектен асистент, тел. 072/223-628, е-маил: marjan.molchanov@rdc.mk.

ОДРЖАНА XI (единаесетата) СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈИПР

На 06.10.2022 година во општина Гевгелија беше одржана единаесетата седница на Советот за развој на ЈИПР. На оваа седница беа донесени Одлуки за преотстапување на пешачка патека во општина Дојран и преотстапување на пристапниот пат до регионалниот стационат во општина Струмица. Исто така беше донесена Одлука за избор на Директор и преостапување на две возила за заловени бездомни животни на општина Струмица.